Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Преку Смарт проект фармацевтите се едуцираат за примена на нови квалитетни услуги во аптеките според светските протоколи

Нови квалитетни услуги и нивно спроведување во аптеките и препознавање од пациентите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови квалитетни услуги и нивно спроведување во аптеките и препознавање од пациентите, е целта на едукациите наменети за фармацевти кои се дел од четврти по ред Смарт симпозиум, што викендов ќе се одржи во Скопје во организација на Здружението на приватни аптеки. Вкупно 800 фармацевти учествуваат на вакви симпозиуми.  

По тој повод денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Aмериканската асоцијација на фармацевти (АPhA), Фармацевтската комора и Здружението на приватни аптеки. Според Билјана Божиновска од Здружението на приватни аптеки, тоа е еден голем чекор напред за фармацијата во Македонија.

– Фармацевтите треба да го заземат своето место во здравствениот систем како битни примарни здравствени работници кои се важни во правилното управување на терапијата. Смарт проектот е континуирана едукација на фармацевтите кој ќе обезбеди внесување на светските фармацевтски протоколи во фармацевтската практика во Македонија. Се надевам овој проект ќе биде препознаен од институциите и преку достапноста и дигитализација на фармацевтското досие ќе овозможиме добра комуникација меѓу фармацевтите, матичните лекари и специјалистите во интерес на пациентите, рече Божиновска. 

Реклама

Според претседателот на Фармацевтската комора, Весна Ставрова, смарт проектот значи континуирана едукација каде светските протоколи се носат во Македонија во делот на фармацевтската грижа. 

Таа истакна дека услугите се донесени со закон меѓутоа тие треба реално да заживеат и ако заживеат повторно е потребно место каде тие резултати како фармацевти ќе ги запишеме, а матичниот лекар или специјалистот ќе ги има на увид. Додаде дека со дигитализацијата и промената што ја најавија од Министерството за здравство потребно е да се внесе делот во кој фармацевтите ќе можат да го документираат тоа што го работат.

Претседателот на Здружението на приватни аптеки, Џоана Андоноска рече дека Меморандумот отвора ново поглавје за меѓусебна соработка, размена на искуства и знаења, можност за заеднички проекти во иднина и секогаш во насока на развој и унапредување на фармацевтската практика, грижа и фармацевтските услуги.

Претседателот на Aмериканската асоцијација на фармацевти и претседател на Бордот за фармација кој е признат во светски рамки, Мајкл Роус рече дека потекнува од Зимбабве и 25 години работи во Америка.

– Мојата пасија и љубов ме натера да изминатите години да работам со 80 земји ширум светот и ми е чест што сум во Македонија и да го предадам моето искуство во делот на фармацијата. Мојата енергија беше да ги внесеме промените во фармацевтската работа и активноста на фармацевтите и тоа што го дава целиот овој мој труд е имплементација на овие стандарди и фармацевтска грижа во делот на аптекарското работење. Преку овој проект правиме едукации и се надеваме дека сите активности на фармацевтите и нивните вредности набрзо ќе бидат препознаени од Владата и институциите со цел унапредување на фармацевтската практика, рече Роус. 

Тој рече дека Американската асоцијација на фармацевтите има голем вакви услуги имплементирано во аптеките и тие имаат големо знаење кое може преку овој проект да го пренесат во Македонија. 

Носител на Смарт проектот во Македонија, освен Роус е и Аријана Мештровиќ, директорка на стручни програми во меѓународната агенција за едукација „Фарма експерт“, со седиште во Хрватска, која рече дека преку по завршување на едукација фармацевтите добиваат беџ.

– Утре и задрутре на симпозиумот ќе имаме повеќе од 500 случаи на пациенти кај кои фармацевти активно промениле нешто во нивната терапија во комуникација со матичните лекари и направиле подобри резултати од неа, додаде Мештровиќ.