Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Преку Чаир и Гостивар, до Илинденска: ДУИ сака повторување на сценариото од 2008 и 2017, за влез во Владата

Ахмети и Интегративците одат на се или ништо – ќе направат се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ахмети и Интегративците одат на се или ништо – ќе направат се да се спасат од одговорност за криминалите, па дури и ако треба насила да влезат во владата и оттаму да го рушат ВМРО-ДПМНЕ. Сценарио слично на тоа од 2008 и 2017-та година. Тоа предвидува, со сите средства, па ако треба и со хаос освојување на двете клучни места за Албанците – Чаир и Гостивар. Со победа таму, мислат дека ќе ја докажат тезата што и сега ја продаваат – дека мнозинството Албанци не се застепени во власта. Потоа со помош на странците, би извршиле притисок врз премиерот Мицкоски да ги земе нив во Владата, а оттаму би ровареле против ВМРО-ДПМНЕ, за на следните избори го земат својот привезок СДСМ и со нив да прават влада. Сценарио веќе видено во минатото.

И сега повторно имаат помош од социјалдемократите, исто како што имаа и во претходната власт на ВМРО ДПМНЕ, во 2008. ДУИ се однесува идентично како што се однесуваше и тогаш  кога со помош на добрите дипломатски односи го истисна тогашното ДПА од владата на ВМРО за да може да влезе во коалиција, за потоа на парламентарните во 2017, да коалицира со губитникот СДСМ. Дел од политичките аналитичари во однесувањето на ДУИ месеци наназад препознаваат обид за влез на тројански коњ во Владата.

Токму затоа, сега изгледа СДСМ како да има кренато раце од локалните избори и целиот фокус им е во помагањето на Ахмети и сопартијците. Ова се гледа и по известувањето на медиумите блиски до СДСМ, за скандалите на градоначалничката Арсовска во Чаир, но и подршката што од нив ја добива Османи. Тоа е и улогата на политичкото салто што го направи Таравари, напуштајќи ја Вреди за да го добие Гостивар со подршка на ДУИ. Но, според експертите, во 2008 И 2017-ТА имаа поддршка од меѓународната заедница, додека сега во САД и ЕУ има друга клима и се водат поразлични политики.

Реклама

Чилиманов потсетува дека за време на Владата на СДСМ и ДУИ, главниот збор го имаа интегративците кои кроеја политики за идентитетот на Македонците, а во исто време, ниту еден од нив не беше обвинет за корупција и покрај многубројните скандали. Премиерот Мицкоски пред некој ден го предвиде црното сценарио и рече дека ДУИ по никоја цена нема да влезт во Владата.