Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Предупредувачки протест на стопанствениците од Визбегово за асфалтната база која се копа во индустриската зона

Стопанствениците во индустриската зона во Визбегово излегоа на протест. Револтот кулминираше бидејќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопанствениците во индустриската зона во Визбегово излегоа на протест. Револтот кулминираше бидејќи општината Чучер – Сандево, на крајот на март, му дозволила на бизнисмен – сопственик на фирма, да гради асфалтна база – односно да ископа дупка во реонот, во која ќе складира асфалт. Околните стопанственици се гневни и велат долго време предупредувале дека евентуалната асфалтна база опасна по здравјето оти со тек на време станува фактор за разни болести – канцер, неплодност, пулмолошки заболувања, органски и неоргански испарувања, а особено затоа што загадува со P2, P5 И P10 честички.

  • „Се изнаслушавме глупости од некои консултанти кои работат за нив, голем дел од нив не знаат колкава е штета на топење и опрашување. Не сакаа да ги слушнат нашите објаснува и не сакаа да се консултираат со Градежен факултет“рече Филип Спасовски – Градежен инженер.

Алармираат дека Министерството за животна средина и просторно планирање, не смее да ја издаде интегрираната дозвола А со која практично целосно ќе му се одврзат рацете на инвеститорот, слободно да си гради.

  • „Локацијата апсолутно не одговара, на 5 илјади м2 да се обидувате да сместите асвалтна база, каде што знаете дека експлоатација на тоа значи тешка механизација и тешки камиони, што значи дека оваа инфраструктура е изградена од сопствениците и да дојдете да ги загадувате “ рече Таип Јакупи – Здружение на индустриска зона Визбегово.

Алфа побара став и од сопственикот на „Топ Билд“, фирмата која ја гради асфалтната база. Од таму велат дека согласно сите законски прописи за градба, кои вклучуваат и заштита на животната средина, компанијата „Топ Билд“с прибавила правосилно одобрение за градба. Денешниот протест кој ги попречил во работењето, го пријавиле во полицијата.

Реклама
  • Денешните настани кои го ограничија нашиот пристап до локацијата за која имаме правосилно одобрение за градба предизвикуваат огромни штети за нас како инвеститори, а со тоа се предизвикува и слабеење на националната економија. Компанијата Топ Билд во последно време е мета на црна кампања во која одредени субјекти се служат со манипулативни информации, а овие денешни активности се кулминација на истата“ велат од компанијата.

Во истовреме, стопанствениците ќе продолжат со протести се додека не се стопира или премести градењето на асфалтната база. Дури имаат и предлог за дислокација, со цел да не биде оштетен и инвеститорот.