Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

Предложен притвор за семејно насилство во Тетовско, со нож се заканувал на неговата мајка и на сопругата

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на Тетовско Гајре, за вршење семејно насилство, информираат од Обвинителство.  Осомничениот, како што информираат од ЈОРСМ, на 21 јуни, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на Тетовско Гајре, за вршење семејно насилство, информираат од Обвинителство. 

Осомничениот, како што информираат од ЈОРСМ, на 21 јуни, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари.

-Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди – се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Реклама

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Лицето се товари дека сторило кривично дело „Загрозување на сигурноста“ од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и – „Телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.