Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Предложен притвор за осомничениот за силување дете во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба да се спроведе истражна постапка против…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба да се спроведе истражна постапка против скопјанец осомничен дека сторил кривично дело силување дете кое не наполнило 15 години,  како и злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, сомничениот 28-годишник, вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него.

-Детето жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во Гостиварско каде што извршил обљуба, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку осум години. Месецов повторно се обидел да ја уцени за да се сретнат, но девојчето одбило, по што тој ги објавил на една социјална мрежа експлицитните фотографии и видеа кои ги поседувал. Со ова ги направил достапни и на други лица, со што го исполнил битието и на второто кривично дело кое беше воведено во февруари годинава и за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години, соопшти Обвинителството. 

Реклама

Имајќи ги предвид високите запретени казни за овие кривични дела, јавниот обвинител оценил дека постои висок ризик осомничниот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

-Исто така, постои опасност да влијае врз детето жртва, но и да го повтори делото. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, додава ЈОРСМ во соопштението.