Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Предизвикување страв и паника кај граѓаните, недоверба во институциите- дали политички елити стојат зад пожарите?!

Страв и паника кај граѓаните, недоверба во институциите, привид дека државата не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Страв и паника кај граѓаните, недоверба во институциите, привид дека државата не знае да се справи со кризата. Повеќе од јасно станува дека зад серијата пожари последниов период стои политичка позадина. Поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски, за Алфа вели дека одредени политички елити, сакаат да го спречат процесот на стабилизирање и нормализирање на државата, со цел да и наштетат на актуелната власт, пред се во предизборниот процес.

-Постојат индиции дека тоа е една хибридна војна која што се води од страна на некои политички елити, во државата и надвор од државата, се со цел да не и се дозволи на оваа Влада да постигне некои успеси во делот на она што се вика создавање на услови за нормално живеење во Македонија, после целокупниот оној распад кој што Македонија ја врати во робовладетелство, изјави Ѓурчевски.

Во моментов надлежните и полицијата активно работат на пронаѓање на можните виновници за последните пожари, како и за оние шумските во текот на целото лето. Приведени беа поголем број лица, собирани беа докази. Според Ѓурчевски полицијата добро си ја врши работата, а во моментов потребна поголема ефикасност од Јавното обвинителство и судовите.

Реклама

-Проблемот кај нас затајува во Јавното обвинителство. Знаете валоризацијата на работата на полицијата е јавнообвинителска и судска, Јавното обвинителство ќе поднесе обвинителен акт, а судот ќе изрече пресуда, тогаш можеме да зборуваме за ефикасноста на полицијата. Вака сега ние имаме само едно предсознание дека полицијата презела се што требало да преземе согласно своите надлежности, доставила материјал, но некој тој материјал наместо да постапи го чува во фиоки, изјави Ѓурчевски.

Сомнежите дека станува збор за пожари зад кои стои човечки фактор уште повеќе се зголемуваат, бидејќи пожарите изгледаат како намерно темпирани и тоа во период на предизборие. Во последниот случај, пред само неколку дена гореше депонијата Дрисла, кога состојбата таму беше нормализирана, се запали депонијата за електирчен отпад во Трубарево, а летово повеќе пати гореше и депонијата на патот Визбегово- Шуто Оризари. Сведоци бевме и на шумски пожари, а пронајдени беа запалени гуми пуштени низ шумите, но и палети кои би предизвикале брзо распламнтување на огнената стихија. Исто и повеќ и симптоматично е како се гаснеше еден пожар, се палеше друг.

Матеја Петровски