Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Пратениците од Левица остварија средба со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин

Денеска, во Собранието на Македонија, претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, во Собранието на Македонија, претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, и потпретседателот на партијата, м-р Реџеп Исмаил – Хактан, остварија средба со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Н. Е. Сергеј Баздникин. Средбата се одржа по повод заминување на амбасадорот од Македонија поради завршување на неговата дипломатска служба во Скопје, се наведува во соопштението од Левица.

И покрај сложените политички околности и сеприсутната русофобија во јавниот дискурст во земјава, Левица ја истакна својата благодарност и задоволство од соработката со амбасадорот Баздникин за време на неговата дипломатска служба во Македонија.

На средбата беше истакната неопходноста од повторно воспоставување нормални односи помеѓу двете земји, кои во моментов се сведени на минимум, како резултат на несуверената надворешна политика на македонските власти, водена од туѓи интереси и штетни влијанија кои доаѓаат од колективниот Запад.

Реклама

Постојаните државни антируски политики поврзани со санкциите и јавното демонизирање на сè што е поврзано со Руската Федерација, од кое не е изземена ниту руската култура, не се во согласност со ставовите и желбите на огромен дел од населението во Македонија. Укинувањето на политички наметнатите ограничувања што го попречуваат економскиот, енергетскиот и културниот развој на земјата, преку билатерална соработка со Руската Федерација, е неопходно за афирмацијата на заедничките интереси, историските врски и заемното почитување.

Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со заедничка заложба за надминување на сегашните пречки и повторно воспоставување на пријателски односи меѓу Македонија и Русија.