Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Пратениците ги изгласаа законите за плати на избрани и именувани функционери

На денешната пленарна седница во законодавниот дом пратениците со 70 гласа ЗА,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната пленарна седница во законодавниот дом пратениците со 70 гласа ЗА, ги изгласаа шесте закони со кои се намалува коефициентот за покачување на платите на функционерите. Согласно растот на просечната плата, пратениците, судиите, обвинителите, министрите, и сите други функционери именувани од собранието нема да го добијат покачувањето од околу 400 евра, со оглед на тоа што се намалува коефициентот за раст на платата на функционерите за 0.5. Сепак функционерите си го задржаа она покачување од 78% кое беше одлука на уставниот суд. На некој начин, се откажаа само од трошките но не и од крупното покачување, бидејќи парите сепак им се слатки.

На денешната седница требаше да се гласаат предлозите да се донесат четири закони за стратешки инвестиции за кои стручната фела алармираше дека ќе го нарушат енергетскиот суверенитет, сепак седницата беше прекината а претседателот на собранието рече дека за продолжението на оваа седница дополнително ќе информира. По се изгледа, се уште течат договорите во владејачките партии за овие закони и веројатно го немаат потребното мнозинство истите да го поминат првото читање па да одат на матичката комисија за економија.

Ниту законот за игри на среќа денеска не дојде на ред пред пратениците, бидејќи е ставен како последна точка. Овој закон предизвика силна полариазија во парламентот, особено во албанскиот политички блок. Вчера, опозициските партии од овој блок предупредија дека овој закон не треба да се донесе бидејќи, како што рекоа, Сицилијанскиот клан на ДУИ би ги предал игрите на среќа на српското подземје.

Реклама

„Итно бараме, не само 500 метри, туку целосно да се отстранат и не само обложувалниците, туку и казиното. Покрај проектот „Казина во секоја уличка“, Артан сега успешно го спроведува проектот казина во секоја куќа давајќи 4 лиценци за online казина на компании каде партнер е Прпарим Бајрами, сега добро позната личност која ги извршува наредбите на кланот“ – изјави вчера Изет Меџити од Коалиција „Вреди“, попозната како коалиција на албанските опозициски партии и крилото на АА, предводено од Арбен Таравари.