Реклама
Македонија

Пратенички прашања во законодавниот дом

Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 78. седница со единствена точка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 78. седница со единствена точка на дневен ред – поставување  пратенички прашања.

Вообичаено, овие пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот.

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.

Реклама

Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на законодавниот дом.