Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Пратеничката Моника Зајкова ја предводи Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на предвремените изборите во Киргистан

Делегација на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Моника Зајкова, шеф и Мимоза Муса, член на делегацијата, учествува во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на предвремените парламенарни избори во Кирхистан, што се одржаа на 30 ноември 2025 година.

Како што информираат од собраниската прес-служба, како шеф на Мисијата, Моника Зајкова официјално ги отворила брифинзите пред одржување на изборите. Пред да заминат во неколку региони на Киргистан за набљудување на изборите, следувало темелно информирање за ситуацијата во Киргистан пред изборите од страна на претставници на долгорочната набљудувачка мисија на ОДИХР, изборната администрација, граѓанското општество, кандидатите како и експерти.

Инаку, лидер на долгорочната набљудувачка мисија на ОДИХР е Томас Мезерик (Унгарија), додека специјален координатот е Клаус Хаген (пратеник од Луксембург).

Реклама

Мисијата на ПС на ОБСЕ се состои од парламентарци од земјите учеснички во ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на парламентарните избори во главниот град Бишкек, како и во другите региони на Киргистан. Набљудувачите на ПС на ОБСЕ тесно соработуваа со колегите од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР) со цел да добијат повеќе информации за спроведување на парламентарни избори во земјата. Околу 80 краткорочни набљудувачи на ПС на ОБСЕ беа распоредени во Киргистан за предвремените парламентарни избори на 30 ноември 2025 година.

Изборите, како што се наведува во соопштението, ќе се оценуваат според демократските заложби содржани во Копенхашкиот документ на ОБСЕ од 1990 година. На прес-конференција во Бишкек денеска ќе бидат претставени на прелиминарните наоди и заклучоци за изборите.

Тимот на Делегацијата на Собранието на Македонија ги набљудуваше изборите во различни делови на главниот град Бишкек што посетија околу 15 изборни места и поднесоа писмени извештаи за своите согледувања.

Меѓународното набљудување на изборите е заедничка мисија на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАСЕ). Набљудувачката мисија брои вкупно 365 набљудувачи, составена од 269 експерти распоредени од ОДИХР, долгорочни и краткорочни набљудувачи, 78 од ПС на ОБСЕ и 18 од ПССЕ.

Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите на ОБСЕ во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите права и животната средина.