Реклама
Економија

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п.,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20 %, а просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73 %, соопшти Народната банка на Македонија.

– Во јануари просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е повисока за 0,15 п.п. на месечна основа и изнесува 4,40 %, а на годишна основа е намалена за 0,30 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,33 % и оствари месечен и годишен пад од 0,03 п.п. и 0,15 п.п., соодветно – наведуваат од НБ.

Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците на Народната банка е достапно на следната врска:

Реклама

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2026/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2026_januari_mk.pdf .