Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Позитивни сигнали, но без конкретни чекори: Транспортерите чекаат конечен епилог во Брисел

Позитивни сигнали, но без конкретни чекори. Денешниот состанок на работната група во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Позитивни сигнали, но без конкретни чекори. Денешниот состанок на работната група во Брисел, кој се одржа он-лајн со претставници од земјите од Западен Балкан заврши без решение за проблемот на транспортерите. На маса биле поставени повеќе опции за подолг престој во Шенген, но не бил најден заеднички јазик.

Транспортерите се уште чекаат конечен епилог за нивниот статус во ЕУ. Од босанската Влада на пример велат дека освен насоки за договарање со секоја земја посебно, не добиле уверување дека ќе има посебни електронски визи за транспортерите кои ќе добијат „зелено светло“ за подолг влез во Унијата. Босанскиот министер за сообраќај Един Форто не е оптимист и вели дека во Европската унија не постои волја да се променат Шенген правилата во корист на превозниците од Западен Балкан. Вели дека тамошната Влада ќе направи напори директно и билатерално да се договори со секоја земја членка на Унијата за подолг престој од моментално дозволениот. Во преговорите се обидуваат да ги убедат претставниците на Комисијата дека транспортерите не се како мигрантите и не претставуваат закана за безбедноста на Унијата.

„Подобро е да се чуе вистината отколку она што многу транспортери го слушнаа кога ја прекинаа блокадата и им беше ветено брзо решение кое никогаш не дојде од никој од нас. Нема брзи решенија. Тоа е вистината и треба да се чуе. Доколку превозниците се одлучат на нови блокади кои можат да се случат за неколку дена, тоа повторно ќе го сврти вниманието кон оваа болка на еден подраматичен начин, бидејќи тие не само што губат пари кога стојат на границите, туку и многу фирми добавувачи на компании во ЕУ губат. Знаеме многу бизниси кои за 5 дена колку што траеја блокадите изгубија до 3 милиони конвертибилни марки. Ако една фирма има вакви загуби, тоа може д ави го иништио целиот план за заработка за цела година“, изјави, Един Форто, министер за транспорт и комуникации на Босна и Херцеговина.

Реклама

Без брзи решенија, транспортерите пак размислуваат за блокади на границите. Ситуацијата на терен е сложена и драматична. Возачите и бизнисите се во паника поради ризикот од апсење и депортација, додека некои компании веќе го откажуваат транспортот.

Македонскиот министер за транспорт Николоски ги поддржа превозниците. Тој во неколку наврати рече дека нивните проблеми се високо на агендата на ЕУ и дека се очекува решение во најскоро време. Тој потенцира дека Владата води интензивна дипломатска активност и директно лобира во европските институции, со цел да се заштитат домашните транспортни компании.

Од Европската Комисија најавија измени во визната стратегија и ги признаа возачите кои вршат меѓународен транспорт како посебна категорија професионалци. Но, по ова, немаше конкретно решение. Комисијата веќе најави дека размислува воведувањето на електронскиот систем за влез и излез од Унијата за камионџиите да се одложи од април за септември. Дел од превозниците бараат воведување 12-месечен мораториум за примена на правилото за престој 90 од 180 дена, односно 180 дена годишно.