Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Пожарот во Чаир активен и по 15 часа – 30 возрасни и 13 деца во болница поради труење со чад

Голем пожар ги разбуди станарите од висококатница во скопски Чаир. Огнот се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем пожар ги разбуди станарите од висококатница во скопски Чаир. Огнот се разгорел нешто по два часот по полноќ, а лекарска помош побарале 31 возрасни, 12 деца и бебе, сите поради вдишување на чад. Меѓу оние кои завршија во болница има и еден пожарникар и еден полицаец. Сите со возила на брза помош биле пренесени на Клиниката за токсикологија и Детската клинка во комплексот Мајка Тереза.

„Се жалеа пациентите на отежнато дишење, кашлица, печење на очите, некои се жалеле на главоболки, на вртоглавици што е вообичаена симптоматологија кај труење со чад“ вели Андон Чибишев, директор на Клиника за токсикологија.

На Детската клиника биле донесени 12 деца, најмалото е петмесечно бебе, а најголемото на 11-годишна возраст. Сите имале симптоми на труење со чад. Само две деца се задржани, а останатите на барање на родителите биле пуштени дома.

Реклама

„Беа стабилни и родителите инсистираа да си заминат после неколку часа опсервација. Десет деца по барање на родителите се пуштени дома, а две се задржани на хоспитален третман„ вели Реџеп Мемеди, директор на Клиника за детски болести.

Пожарот кој избувнал некаде околу 2 часот по полноќ е изгаснат, информираат од скопската противпожарна единица. Евакуацијата на жителите од зградата одела потешко поради густиот чад.

„Поради густиот чад имавме проблеми за евакуација, имаше многу мали деца, повозрасни луѓе, луѓе со инвалидитет. Пак ке кажам колегите се ангажираа максимално, и успеавме да ги евакуираме сите безбедно“ вели Ѕвонко Томески, Комадир на скопската Бригада за противпожарна заштита.

Пожарот избувнал во подрумски простории во зграда во скопски Чаир на улица „Прохор Пчински“. Во пожарот интервирале 20 пожарникари со 7 противпожарни возила. Огнот зафатил подрумски простории и продавница. Според информациите на МВР пожарникарите и полицијата успеале да евакуираат околу 100-тина луѓе.

Давид Крстевски