Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Пожарот меѓу селата Долани и Љуботен е целосно изгаснат

Од 60 до 80 хектари опожарена површина, три оштетени викендици и двајца повредени граѓани е билансот од трите пожари што во изминатата недела ги зафатија Штип и штипско. По речиси триесетчасовна интервенција, целосно е изгаснат пожарот што беснееше на непристапниот терен меѓу селата Долани и Љуботен. Најкритично беше во викенд-населбата Плуждино, каде што пожарот брзо […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 60 до 80 хектари опожарена површина, три оштетени викендици и двајца повредени граѓани е билансот од трите пожари што во изминатата недела ги зафатија Штип и штипско. По речиси триесетчасовна интервенција, целосно е изгаснат пожарот што беснееше на непристапниот терен меѓу селата Долани и Љуботен.

Најкритично беше во викенд-населбата Плуждино, каде што пожарот брзо се ширеше кон викендиците. Во обид сами да си ги заштитат имотите, еден граѓанин поради изгореници и вдишување чад заврши во болница.

„Имаше само како мала чурка. По 15 минути се префрли на билото, дуваше југозападен ветер и го префрли кон Ново Село. Се симна долу огнот и почна по ридот. Прво го зафати првиот рид, па Ново Село, клисурата и почна нагоре да се качува пламенот“, изјави Методи Мицевски во четвртокот, кога огнот беснееше на Кумлакот.

Реклама

Во гаснењето учествуваа пожарникари, доброволци и екипи од повеќе општини. Освен од земја, пожарите се гасеа и од воздух со ер-тракторите на Дирекција за заштита и спасување. На најкритичните места со багери се правеа заштитни појаси за да се спречи понатамошното ширење на огнот.

Според првичните информации, првиот пожар најверојатно бил предизвикан од гром, додека за другите два постојат сомнежи дека се подметнати.