Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Пожарот кај Косел ставен под контрола, но силниот ветар создава проблеми

Пожарот кој што од вчера беснее над охридското село Косел е ставен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот кој што од вчера беснее над охридското село Косел е ставен под контрола,пожарникарите успеаа да го спречат ширењето на пламените јазици кон селото Вапила и месноста Расино, но силниот ветер кој дува од југозапден правец не им оди во прилог,се прават напори да се спречи негово повторно ширење кон селото Опеница. Поради сериозноста на ситуацијата екипите се на терен од раните утрински часови.

Четири часот и триесет минути тука пред противпожарната единица во Охрид се собираат пожарникари од Охрид, од повеќе градови на државата,волонтери,од јавните претпријатија да помогнат во гаснење на огнената стихија која што беснее на планинските предели од селата Косел до Опеница.Инаку непријатна и тешка миризба се чувствува во градот ,иако од таму каде што беднеат огновите е оддаленчено околу 15 километри од градот“

Пожарите се гаснат од копно со со три противпожарни возила и околу 40 професионални пожарникари како и доброволци.

Реклама

 “Моментално беснее на потегот од Косел кон Опеница, се надемаве дека во текот на денешниот дел ќе успееме да го ставиме под контрола.Mоментално нема опасност кон куќите, насоките на движење не се на таму” – вели  Борко Јанкулоски-командир на ТППЕ Охрид.

Добивме апел и за помош и воопшто не се колебавме дали да трнеме кон Охрид, вели Борче Китаноски од Неготино ,не има вели петмина.Пожарите ни станаа секојдневие велат,гаснеме на Серта,Свети Николе и Пехчево,раскажувајќи каков пустош оставаат зад себе пожарите.

 “Лоша,лоша многу убава шума изгоре.Јас сум бил ловџија, љубител на планината многу убава шума изгоре многу убав дел од Серта изгоре,жално ова е жално.Да им помогмене на нашите колеги,да не се мачат колегите сами,затоа и дојдовме и не спиени цела вечер, но ќе издржеме машки” – вели Борче Китаноски, доброволно друштво “Повардарец” од Неготино.

Охриѓанецот Ѓуро Јовчески до сега низ годините учестувал во гаснење на 65 пожари, многу добро знам вели што значи пожар на отворен простор.

 “Девастирана,сликата е девастирана за жал се е човечки фактор тоа е нешто неверојатно не може да се опише.На едното место каде што пожарот зема замав е непристапно.Вчера дејствуваа воздухопловите и сабајлево треба да се уклучат, но жива сила мора да има на терен после гаснњње да се одржава пожарот да не земе повторно замав”-вели Ѓуро Јовчески од НП “Галичица”

Поради пожарите кои беснеат на 9 локалции низ државава канадерите во моментов дејствуваат онаку каде што е најпотребно.

Новинар Росица Голабоска