Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Пожарникарите од Радовиш конечно добија целосно реконструирана и модерна зграда за противпожарна служба

По речиси 100години од изградбата, целосно е реконструирана и модернизирана зградта на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По речиси 100години од изградбата, целосно е реконструирана и модернизирана зградта на радовишката Противпожарна служба. Со ова, пожарникарите кои летово со натчовечки напори се бореа со огнената стихија на планината Готен, конечно добија современи услови за работа кои ќе овозможат побрзи и поефикасни интервенции. Реконструкцијата чини околу 12 милиони денари. Половина од средствата ги обезбеди Општина Радовиш, а другата половина се преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион. Извршена е целосна замена на кровната конструкција, електроинсталацијата, подови, прозорци, врати, а  поставена е нова инсталација на противпожарен водовод со хидранти и млазници.

„Тоа беше комплетна реконструкција на стариот Противпожарен дом во Радовиш и денеска може да видите дека ние практично го направивме домот нов. Проектот ги опфаќаше сите фази на реконструкцијата и денеска имаме простор во кој од сега натаму сите пожарникари во Радовиш, ќе имат подобри услови за да можат во секое време да се справуваат со она што значи непогоди, интервенции и за се она за кое тие постојат како единица„ изјави Ацо Ристов, градоначалник на Радовиш.

Противпожарната зграда се реконструираше преку програмата на Министерството за локална самоуправа, за подигање на енергетската ефикасност. Дополнително преку првиот и вториот јавен повик за средства од унгарскиот кредит, Радовиш ќе добие повеќе од 250милиони денари. Ресорниот министер, Златко Перински, најави дека со отпочнување на проект „Ресурсен центар„ Владата ќе им помогне на Центрите за развој на регионите, како и на локалните самоуправи.

Реклама

„Тоа е првиот аспект којшто е многу важен, а вториот еве веќе и официјално да го најавам од следната година ќе започнеме со ажурирање на базите на даночни обврзници. Централната Влада, ќе го исфинансира овој проект и во периодот што ќе следи, фазно нормално на сите градоначалници, на сите општини  кои сакаат да учествуват во оваа соработка ќе им се ажурираат базите на даночни обврзници со што ќе им се зголеми приходот од сопствени извори на финансирање коишто значително ќе може да ги имплементираат преку реализација на проекти во периодот којшто ќе следи„ изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Освен Радовиш, министерот Перински ги посети и општините Босилово и Василево, кои од првиот и вториот јавен повик за искористување на средства од унгарскиот кредит ќе добијат 236 милиони денари, пари со кои значително ќе се подобри животот на граѓаните во овие две општини.