Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Пожарите на Серта продолжуваат да беснеат , повреден е командирот на штипската пожарна

При гаснење на пожар на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

При гаснење на пожар на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите со тешки повреди се здобил, командирот на штипските пожарникари. Додека го гаселе пожарот којшто избувна вчера околу 19часот, командирот Благој Ренџов се здобил со скршеници на двете раце. Веднаш е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, каде е задржан на болничко лекување. Ренџов, уште од првиот ден е на пожарите на Серта. Во меѓувреме двата пожари во штипско кои беснеат повеќе од десетина денови  се уште се активни.

„Таму се уште имаме два пожари коишто горат на различни локации. Првиот е на воениот полигон Криволак кон насока на река Брегалница  и се движи кон неа, додека вториот се наоѓа над селото Пухче во насока над селото Селце, за којшто можам да кажам дека имаме делумна контрола  и не ги загрозува двете села„ изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Рано утринава со полициски хеликоптер се гаси пожарот, кој вчера доцна попладне изби во атарот на село Челопек, Старо Нагоричане. Бидејќи во близина нема вода, волонтери од Црвениот крст поставија базен од кој хеликоптерот полни вода. Овој пожар е веќе ставен под контрола. Се уште гори и во општините Пласница, Чашка и Долнени, кај селото Небрегово. Поради високите температури повторно е активен и пожарот кај селото Бадилен, општина Ново Село. Првиот човек на ЦУК, упати апел, граѓаните кои имаат објекти во загрозените подрачја соодветно да ги заштитат.  

Реклама

„Апелирам до сите оние коишто имаат индустриски, но и приватни објекти, почнувајќи од куќи, викендици или било каков друг тип на објекти, да направат мек појас околу нив којшто ќе биде доволно широк да не може огнот да го прескокне . мекиот појас можат да го направат со мотокултиватор, трактор или со било каква механизација. На тој начин ќе може да ги спасат своите објекти доколку пожарот дојде во нивна близина„ порача директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов

Во изминатото деноноќие на територијата на целата држава регистрирани се 30пожари. Од нив 20 се целосно изгаснати, а 10 се активни.  Денеска на сите пожари ќе се дејствува и од воздух. Надлежните информираат дека имат делумна контрола над пожарите и ниту едно населено место не е загрозено.