Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено

Едно лице се здобило со минимални изгореници во пожарот што денеска избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен, во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица. По пријавата за пожар во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едно лице се здобило со минимални изгореници во пожарот што денеска избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен, во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица.

По пријавата за пожар во во атарот на селото Долани, Општина Штип Територијалната противпожарна единица – Штип веднаш интервенирала со две екипи.

Пожарот избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен. Од страната кон селото Долани, со помош на трактори биле изорани заштитни појаси, по што огнот бил ставен под контрола и изгаснат, без опасност од негово ширење кон населеното место.

Реклама

Во моментов, пожарот се шири во правец кон селото Љуботен, каде што гори сува трева, нискостеблеста и борова шума.

Во гаснењето и локализирањето на пожарот ангажирани се едно противпожарно возило, три противпожарни џипови и 10 пожарникари, една работна машина (скип) од ЈП „Стипион“ – Штип, четири трактори, како и екипи на полицијата и Итната медицинска помош, информираат од ЦУК.