Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Повеќе од 20 часа РЕК не произведува електрична енергија

 Најголемиот македонски производител на струја, РЕК Битола, од вчера од 15.30 часот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Најголемиот македонски производител на струја, РЕК Битола, од вчера од 15.30 часот е во целосен колапс. Сите три болка се надвор од мрежата и Комбинатот веќе со часови воопшто не произведува струја. Од Компанијата уверуваат дека паралелно се работело на оспособувањето на два од трите блока и дека најрано до доцна попладнево или вечерва, барем еден од блоковите ќе бил ставен во функција.

  „Операциите за ставање во употреба на Блок 1 се во тек и по нивното завршување Постројката ќе биде на мрежа и ќе испорачува електрична енергија во електро-енергетскиот систем. И во наредните денови, согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола ќе продолжи да работи со еден блок, Блок 1, а останатите два блока ќе бидат на располагање“, – информираат од РЕК Битола.

   И од АД ЕСМ ни ја потврдија информацијата дека во текот на вчерашниот ден, поради дефект испаднал Блокот 2 и дека во моментов се работело на отстранување на причините за испадот, а во тек биле операциите за пуштање во погон на еден од блоковите кои биле резерва во работата на Блок 2.

Реклама

„Комбинатот во овој период, согласно намалената побарувачка на електрична енергија од потрошувачите и планот за производство на АД ЕСМ, работеше со еден блок заради неопходноста од испуст на дел од акумулациите на хидроцентралите. Потребата за електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем се задоволува од соспствените производствени капацитети“, – уверуваат од АД ЕСМ.

Познавачите на приликите пак, велат дека кусокот на струја заради крахот на РЕК, најверојатно ќе се надополнува со увозена скапа струја, што секако би можело да има негативни финансиски последици.

Инаку, како што веќе информиравме, РЕК Битола е надвор од енергетската мрежа после вчерашното силно невреме во новачкиот регион, кога првично испаднал вентилаторот на димни гасови за Блокот 2, што предизвикало пукање на цевката за дотур на вода во Блокот, по што тој автоматски целосно испаднал од системот. А според извесни информации до кои дојдовме, пред целосно да испадне Блокот 2 од системот, наводно имало и серија експлозии проследени со парна завеса и пожар, како последица на испадот на електростатскиот филтер на Блокот 2, бидејќи не бил исчистен седум години?!  

Ваков целосен колапс на РЕК Битола имаше и во средината на март кога исто така надвор од функција беа сите три блока и беа потребни цели два дена за да биде оспособен барем едниот од нив.

Каролина Дурло