Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Потврдени кредитните рејтинзи на Македонија од „Стандард и Пурс“ и „Фич“ – стабилни изгледи и континуитет на економските политики

Добра вест за потенцијалите на македонската економија од реномираните агенции за кредитен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добра вест за потенцијалите на македонската економија од реномираните агенции за кредитен рејтинг. „Стандард и Пурс“ и „Фич“ во своите полугодишни прегледи го потврдија стабилниот кредитен профил на земјата, што во услови на глобални предизвици е значаен сигнал за стабилноста на макроекономските политики, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата редовно и навремено да ги сервисира своите финансиски обврски. „Стандард и Пурс“ го задржа кредитниот рејтинг на државата на нивото „BB-“ со стабилни изгледи, додека „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на „BB+“ со стабилен изглед.

Станува збор за стандардна процедура согласно европската регулатива, при што се врши оценка на тековните економски и фискални показатели, како и на пазарните движења. Она што е важно е дека во рамки на овој полугодишен преглед не е објавено ново истражувачко ажурирање, што укажува дека клучните фактори кои влијаат врз кредитниот рејтинг на државата остануваат непроменети.

Потврдените кредитни рејтинзи за министерката за финансии Гордана Димитриеска–Кочоска претставува значаен сигнал за доверба во економските политики и охрабрување за продолжување на реформите, со цел обезбедување одржлив економски раст и подобар животен стандард за граѓаните.

Реклама

Според „Стандард и Пурс“ и „Фич“ економскиот раст на државава е поддржан од засилените јавни инвестиции, особено во инфраструктурни проекти, како и од растот на потрошувачката на населението.