Реклама

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Прилози

Потребна е скриниг програма за рано откривање на рак на дојка, апел од Розовиот Пикник за поддршка на жените болни од рак на дојка

Во розова боја, со симбол на надеж и поддршка, денеска во Градскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во розова боја, со симбол на надеж и поддршка, денеска во Градскиот парк во Скопје се одржа Розов пикник појадок – настан во организација на ХЕМА-ОНКО и „Медикус Хелп“, посветен на жените кои храбро се борат со ракот на дојка. Под мотото „Силни сме кога сме заедно, настанот им оддаде признание на сите кои ја водат оваа борба, но и испрати порака дека превенцијата и раното откривање спасуваат животи.

„Доброто е што оваа година имавме некакви исчекори напред кои што се исто така за поздрав, посебно за пациентите со рак на дојка кој што оваа година успејаа, најпосле ја добија хормонската терапија, достапна во нивните аптеки, блиску до домовите. Успеавме да вклучиме во лекувањето уште една група на пациенти, а тоа се пациентите со трипл негатив канцер кој што имаат генетски зависен карцином. Овие пациентки кои што не се повеќе од педесетина исто така оваа година добија за првпат терапија која што може да ја добијат на клиниката за Онкологија“, изјави Ана Марјановиќ од „Хема Онко“.

Настанот, кој втора година по ред ги собра жените од цела Македонија, е потсетник дека борбата со болеста не завршува со терапијата – потребна е и рехабилитација, поддршка, и грижа по лекувањето. Марјановиќ, потенцира дека во Македонија се уште нема функционална скрининг програма, ниту мултидисциплинарни тимови, кои би го следеле процесот од дијагноза до лекување. Недостастува и системска поддршка по терапијата, а пациентките често се оставени сами да го минат најтешкиот дел од битката со болеста.

Реклама

„Овој настан го правиме втора година по ред. „ХЕМА ОНКО“ ќе остане доследна на својот пат да ги води пациентите навистина во оној лавиринтите на здравствениот систем. Сите се плашат од прегледи, тоа мораме да го смениме мора да има една превенција, една скрининг програма која ќе функционира и тоа сакаме се преку еден ваков настан да ги обединиме сите оние кои се инволвирани за жал во оваа тема

„Овој настан ние го правиме четврта година по ред, под името розов пикник, сега се споивме партнерски со ХЕМО ОНКО затоа што силни сме кога сме заедно.Медикус Хелп“ 33 години обезбедува помагала по масектомија, ги поддржува жените на патот по мастектомијата, а од неодамна отворивме и центар за третман на лимфедема.

Брошурата што ја подготвува ХЕМА-ОНКО треба да стане првиот водич за секој новодијагностициран пациент со рак – со јасни насоки од моментот на дијагнозата до текот на терапијата. Таа ќе содржи практични совети, информации за правата на пациентите и вежби што помагаат во закрепнувањето.