Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Потпретседателот на Владата Стоилковиќ во посета на Србија, ќе учествува на конференцијата „Western Balkans 2030“

Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија, каде што ќе учествува на конференцијата „Western Balkans 2030“, во организација на Европската инвестициска банка.

Во своето обраќање на конференцијата министерот Стоилковиќ ќе истакне дека е чест и задоволство да се обрати на настан посветен на клучни теми кои ја отсликуваат реалноста и ја обликуваат иднината на регионот – регионалната интеграција, европската перспектива и економското поврзување.

За време на престојот во Белград, потпретседателот и министер Стоилковиќ ќе оствари и работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ. На средбата ќе се разговара за потпишување на меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заедничките инвестициони проекти, како и заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум што ќе се одржи во Македонија на 2 и 3 декември.

Реклама

Посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.