Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица

Во просториите на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, вчера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, вчера беше потпишан Трипартитен договор за развој и надградба на веб-сервиси и информациски системи, со кој се воспоставува клучната дигитална и институционална инфраструктура за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица.

Како што соопшти УЈП, Договорот е потпишан помеѓу Министерството за финансии – Управата за јавни приходи, како краен корисник и управувач со системот за наплата на даноци и придонеси, Центарот за истражување и креирање на политики – ЦИКП Скопје, како спроведувач на проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, Друштвото за истражување и развој во техничките и технолошките науки УЛТРА ДОО Скопје, како изведувач на техничкото и софтверското решение.

-Овој договор претставува пример за функционално и одговорно партнерство помеѓу јавниот сектор, граѓанското општество и приватниот технолошки сектор, со заедничка цел создавање модерен, ефикасен и правично уреден систем на работно ангажирање, се наведува во соопштението.

Реклама

Како што велат од УЈП, стратешката улога на институциите е од суштинско значење за реализацијата на овој договор.

-Министерството за финансии, преку Управата за јавни приходи, ја има клучната улога во воспоставување стабилен и сигурен систем за пресметка и наплата на даноци и придонеси, со што се обезбедува фискална дисциплина, еднаков третман на сите учесници на пазарот на труд и заштита на јавниот интерес. Министерството за труд и социјална политика, како носител на политиките за труд и социјална заштита и институција надлежна за креирање на Законот за работно ангажирање на лица, преку имплементацијата на овој систем обезбедува суштинска заштита на работниците, формализација на работните односи и јакнење на социјалната сигурност, особено за сезонските, повремените и привремено ангажираните лица, се наведува во соопштението.

Вклучувањето на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија обезбедува евиденција на пријава и одјава на работно ангажирани лица, со што се воспоставува целосен, интегриран и интероперабилен институционален механизам.

-Со потпишувањето на договорот директно се реализира обврската утврдена во член 26 став (3) од Законот за работно ангажирање на лица, со кој е предвидено дека системот за евиденција на работно ангажирани лица и надградбата на системот за наплата на даноци и придонеси мора да се воспостават најдоцна до 1 јануари 2026 година. Со ова, институциите демонстрираат високо ниво на координација, навременост и одговорност во спроведувањето на законските решенија, велат од УЈП.

Во соопштението особено се нагласува и значењето на другите две договорни страни: Центарот за истражување и креирање на политики – ЦИКП Скопје, како спроведувач на проектот, обезбедува стратешка, аналитичка и координативна поддршка, гарантирајќи дека техничките решенија се усогласени со јавните политики, законските цели и европските стандарди, со донаторска поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ GmbH). УЛТРА ДОО Скопје, како изведувач, обезбедува високо-квалитетно техничко решение, развој на безбедни и интероперабилни веб-сервиси, интеграција на институционалните системи и пренос на знаење, со што се зајакнуваат долгорочните капацитети на државните институции.

-Со овој договор, државата испраќа јасна и недвосмислена порака дека реформите во областа на трудот и јавните финансии не се декларативни, туку реални, применливи и технолошки поддржани. Формалната економија, заштитата на работниците, фер конкуренцијата и дигиталната трансформација се заедничка одговорност и заеднички интерес. Овој чекор претставува темел за одржлив, транспарентен и европски ориентиран систем на работно ангажирање, во кој правата и обврските се јасни, а институциите дејствуваат координирано и во служба на граѓаните, се наведува во соопштението.