Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Потпишан Меморандум за разбирање меѓу Кабинетот на вицепремиерот за политики на добро владеење и Универзитетот „Мајка Тереза“

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Беким Фетаји, денеска потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете институции.

Меморандумот,  што бепе потпишан во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, претставува значаен чекор кон унапредување на соработката меѓу високото образование и владините институции, со цел создавање директни можности за размена на знаења и практични искуства. Со договорот се овозможува реализација на професионална пракса за студентите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Кабинетот на заменик-претседателот на Владата, како и активно вклучување на академскиот кадар и универзитетските експерти во работни групи, проекти и иницијативи поврзани со политиките на добро владеење, транспарентноста, отчетноста и дигитализацијата на административните процеси.

Во контекст на 9-годишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ – институција која придонесува во образованието и во промоцијата на мултикултурните вредности во Северна Македонија – оваа соработка доаѓа како продолжение на претходно најавените ангажмани за поддршка на младите и интеграција на академското знаење во државните процеси на донесување одлуки.

Реклама

-Ова е важен чекор кон приближување на младите до процесите на донесување одлуки и обезбедување практично искуство што ќе ги подготви за пазарот на труд, истовремено придонесувајќи за градење на потранспарентно и поефикасно владеење, изјави Фетаи по потпишувањето на меморандумот. 

Ректорот Фетаји истакна дека „соработката со централните државни институции е приоритет на Универзитетот „Мајка Тереза“ за подигнување на квалитетот на образованието, развој на иновативни проекти и директен придонес во развојот на нашето мултиетничко општество“.

Овој меморандум се очекува да отвори нови можности за студентите и академскиот кадар, промовирајќи ги вредностите на добро владеење и зајакнувајќи ја врската меѓу академската теорија и институционалната пракса.