Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Потпишан Меморандум за основање Иновациски центар во Штип за поддршка на претприемништвото и иновациите

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ректорот на Универзитетот „Гоце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска потпишаа Меморандум за основање на Иновациски центар – Штип, којшто ќе биде одржлив модел за соработка во областа на претприемништвото, иновациите и локалниот економски развој.

Ректорот на УГД-Штип, Мираковски вели дека идејата е да се создаде мост со цел студентите ги развијат своите идеи, да допринесат вработувања и да направат бизниси.

-Овој Иновациски центар ќе овозможи реалниот сектор, стопанството, локалната самоуправа, компаниите од овој регион, заедно со УГД да направат мост, за да можат нашите студенти, професори да ги развијат своите идеи до степен на комерцелизација, да допринесат за реално вработување на идните генерации, да допринесат за реално вработување на идните генерации, да допринесат реално за развој на стопнаството во овој регион и реално имаме подобри шанси за успех и од аспект на економијата и од аспект на квалитетот на животот во овој регион. Нашите студенти би можеле тука да прават бизниси, кои што се компетитвни со било каде во светот-изјави Мираковски.

Реклама

Азески нагласи дека со ова решение ќе може да се излезе надвор од рамките на државата со помош и поддршката на Комората.

-Она што Стопанската комора ќе го направи за Општината и за нејзиниот развој и за Универзитетот е практично тоа што ние ќе излеземе надвор од рамките на државата и со поддршката на коморскиот инвестиционен форум, вели Азески. 

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов додаде дека оваа иницијатива ќе создаде нови можности за младите. Според него преку овој центар младите ќе се стекнат со многу знаења и вештини, кои исто така ќе придонесат за поголема продуктивност и можност за искористување на европските фондови.

-Мене ми е драго што секогаш кога се гласно комуницира и се споделува и се пренесува заење, се пренесуваат и се создаваат резултати. Верувам во оваа иницијатива ќе произлезе можност за подобрување на состојбите на пазарот, отворање на нови бизнис идеи, на нови работни места, овозможување на младите да се стекнат со вештини и знаења, кои ќе придонесат за поголема продуктивност. Но, исто така и за поголема можност за искористување на националните европските фондови. Сето она кое што е основата за создавање на еден регионален развој, кој што ни е неопходен во ова време во кое што се среќаваме- рече Јорданов

Настанот се оддржа во ректорот при УГД Штип, а присуствуваа претставниците на универзитетот, локалната самоуправа и претставници на бизнис секторот во општината.