Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Потпишан меморандум за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола

По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска во Зоолошката градина во Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска во Зоолошката градина во Скопје беше потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди.

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа нагласи дека денешното потпишување на маморандумот за соработка со двете зоолошки градини е вистински пример за тоа дека Министерството гради силни партнерства. Потенцира дека целта на Владата и Министерството е јасна – сакаат овие институции да ги трансформираат во модерни, европски центри.

– Центри кои примарно ќе се грижат за благосостојбата на животните, заштитата на дивиот свет и едукацијата на младите. Обезбедуваме долгорочна поддршка. Свесни сме дека заштитата бара ресурси. Затоа преку БИОФОН градиме стабилни финансиски механизми. Тие директно ќе ја поддржат работата на заштитените подрачја, екосистемите, но и развојот и проектите на зоолошките градини. Сегашните чекори се  инвестиција во иднината, а свеста за природата се негува од најрана возраст. Затоа им благодарам на учениците што учествуваат во денешната изложба. Вие сте идните чувари на нашето природно богатство – рече Хоџа.

Реклама

Тој истакна дека нашата земја има богато и ендемично природно наследство, кое е гордост, но и обврска за сите нас. Како што нагласи, само со заедничка работа на институциите, научната заедница, граѓаните и младите – можеме вистински да го зачуваме.

– Мотото на овој ден – „Делување локално за глобално влијание“ нè потсетува на една едноставна вистина: заштитата на планетата почнува од нашиот сопствен двор – изјави министерот Хоџа.

В.д. директорката на ЗОО Скопје, Катерина Костова, истакна дека годишната тема за одбележување на Меѓународниот ден на биодиверзитетот – „Делување локално, за глобално влијание“ носи важна порака и покажува дека големите промени почнуваат со нас, од нашата заедница, од нашите институции и од секој поединец кој одлучил да ја заштити природата.

– Сите заедно да упатиме една порака, особено до најмладите – Природата не ја наследуваме од нашите предци, ја позајмуваме од идните генерации. Нашата должност е да ја чуваме, сакаме и штитиме. Нека овој ден биде потсетник дека секој од нас може да придонесе за поубава заедница – рече таа.

Костова потенцира дека во време кога светот се соочува со промени на видовите, климата и уништувањето на природните живеалишта, нашата важност е многу поголема – секој спасен вид од животинскиот свет претставува чекор кон подобра иднина.

– Зоолошката градина – Скопје има еден век грижа, посветеност, едукација и љубов кон животните. Сто години во кои генерации деца го направија првиот чекор кон разбирање на природата. Зоолошките градини денес не се само место каде што се гледаат животни, тие се и центри за едукација, заштита на биодиверзитетот, научна работа и подигнување на јавната свест за зачувување на природата. Нашата визија е Зоолошката градина – Скопје да продолжи да се развива како современ и едукативен центар, каде што ќе се учи значењето за заштитата на животинскиот свет. Продолжуваме со подобрување и реновирање на живеалиштата, со унапредување на условите за животните и ќе бидеме гордост на нашиот град – нагласи директорката Костова.

Во рамките на настанот следуваше и разгледување изложба на едукативни цртежи подготвена од ученици од основни училишта. Присутните најмлади имаа можност да следат забавна активност на детскиот аниматор Кико магико. На настанот, следуваше едукативна прошетка со зоо аниматор, каде децата имаа можност поблиску да се запознаваат со ендемичните видови од Македонија и да слушнат интересни факти за нивната заштита и животните навики.