Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Потпишан договор за партнерство меѓу ICAC Скопје и Алијансата на Цивилизациите при ООН 

Меѓународниот Центар Алијанса на Цивилизации од Скопје (ICAC), вчера за време на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународниот Центар Алијанса на Цивилизации од Скопје (ICAC), вчера за време на 8 Конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии во Астана, склучи нов партнерскиот договор со Обединетите нации – Алијанса на Цивилизации (UNAOC). Договорот беше потпишан од страна Мигел Анхел Моратинос, заменик-генерален секретар на ООН и висок претставник на UNAOC и Иван Иванов, претседател на управниот одбор на ICAC.

Како што соопштија од ICAC Скопје, продолжувањето на партнерството претставува потврда на заедничката посветеност за унапредување на мирот, толеранцијата и меѓукултурниот дијалог.

-ICAC и UNAOC ќе продолжат со заеднички активности во областа на борбата против ксенофобија и верска нетрпеливост, промовирањето на социјалната инклузија, споделување добри практики и имплементација на Планот на ОН за заштита на верските објекти, се наведува во соопштението.

Реклама

Посебен акцент, како што посочуваат од ICAC Скопје, ќе биде ставен и на вклучување на младите како активни промотори на интеркултурно разбирање.

Со ова, ICAC најави дека обновениот договор е важен чекор кон создавање трајно и позитивно влијание во глобалните напори за изградба на поинклузивен и мирен свет.