Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

Потпишан договор за изградба на атмосферска канализација во Пехчево

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански денеска го потпиша договорот за реализација на проектот за изградба на атмосферска канализација на улицата „Илинденска“ со краците ул. „Мирче Ацев“ и ул. „Даме Груев“ во Пехчево, со што започнува решавањето на еден долгогодишен инфраструктурен предизвик за жителите на овој дел од градот. Проектот претставува значајна инвестиција во подобрување […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански денеска го потпиша договорот за реализација на проектот за изградба на атмосферска канализација на улицата „Илинденска“ со краците ул. „Мирче Ацев“ и ул. „Даме Груев“ во Пехчево, со што започнува решавањето на еден долгогодишен инфраструктурен предизвик за жителите на овој дел од градот.

Проектот претставува значајна инвестиција во подобрување на водната инфраструктура и заштитата на животната средина, а неговата реализација ќе придонесе за поефикасно одведување на атмосферските води, поголема безбедност и поквалитетни услови за живот на граѓаните.

На работна посета денес во Пехчево беше и заменик министерката за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија, Ане Лашковска, која со своето присуство ја потенцираше важноста на вложувањата во животната средина и одржливиот развој.

Реклама

Во рамки на посетата на Пехчево, таа го посети и Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, кој претставува значаен капацитет за едукација и подигнување на јавната свест за заштитата на природните ресурси.

Средствата за реализација на проектот како што информираа од Општина Пехчево се обезбедени од Владата на Македонија преку Програмата за подобрување на водната инфраструктура на општините, со финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Градоначалникот Александар Китански изрази благодарност до Владата на Република Македонија, премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за животна средина и просторно планирање и министерот Муамет Хоџа за, како што истакна, безрезервната поддршка што ја добива Општина Пехчево во реализацијата на капиталните проекти.

-Ова е уште една потврда дека кога постои соработка помеѓу локалната и централната власт, резултатите се видливи и во интерес на граѓаните. Изградбата на атмосферската канализација ќе реши долгогодишен проблем за жителите на овие улици и ќе придонесе за подобрување на инфраструктурата и заштита на животната средина. Искрено им благодарам на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски, како и на Министерството за животна средина и министерот Муамет Хоџа за поддршката што континуирано ја добива Општина Пехчево, изјави градоначалникот Китански.

Заменик министерката Ане Лашковска нагласи дека инвестициите во водната инфраструктура се инвестиции во здравјето, безбедноста и иднината на локалните заедници.

-Грижата за животната средина започнува со конкретни дела и вложувања во инфраструктура која обезбедува подобри услови за живот на граѓаните. Владата и Министерството остануваат посветени на поддршка на општините во реализацијата на проекти што придонесуваат за одржлив развој и заштита на природните ресурси. Посетата на Едукативниот центар во Негрево дополнително потврдува дека едукацијата и подигнувањето на свеста се подеднакво важни во создавањето одговорен однос кон природата, истакна Лашковска.

Од Општина Пехчево најавуваат дека по завршувањето на изградбата на атмосферската канализација, во наредниот период ќе започне и целосна реконструкција на улицата „Илинденска“ со краците ул. „Мирче Ацев“ и ул. „Даме Груев“во Пехчево, со што жителите ќе добијат современо и комплетно уредено инфраструктурно решение.

На овој начин, локалната самоуправа продолжува со реализација на проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот и создавање подобри услови за сите граѓани на Пехчево.