Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Потпишан договор за доградба на ООУ „Панајот Гиновски“ во Бутел 2

Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски денеска го потпиша договорот со Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски денеска го потпиша договорот со Министерството за образование и наука, за доградба на општинското основно училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел 2, информираат од локалната самоуправа.

ООУ „Панајот Гиновски“, како што велат, е дел од проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП).

-Договорот предвидува доградба на училиштето на површина од 400 квадратни метри што се состои од четири училници, два санитарни јазли, ходник и поврзување со постоечкиот објект. Локалната самоуправа по 56 години изврши реконструкција на фасадата и ќе преземе активности за реконструкција на училишната спортска сала, посочуваат од Општина Бутел.

Реклама

Нагласуваат дека реализирањето на проектите во ООУ „Панајот Гиновски“ ќе обезбеди услови за транзиција од двосменска во едносменска организација на наставата.

Потсетуваат дека во населеното место Бутел 2 се гради нова детска градинка – капитален проект за подобрување на условите и подигнување на квалитетот за згрижување и воспитување на најмладите жители.