Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Пoтпалувачите не се плашат од полицијата, нови петмина уапсени за подметнување пожар, лице од Кондово среде бел ден пали возило

Власта постојано предупредува и најавува ригорозни санкции за пироманите, но тоа како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта постојано предупредува и најавува ригорозни санкции за пироманите, но тоа како да не допира до нив. Во еден ден, фатени тројца предизвикувачи на пожари. Во скопско Кондово 42 годишен маж за кој на медиумите осамна видео, во 9 часот изутринава со бензин посипува паркиран мерцедес и го пали. На видеото се гледа како по избувнувањето на пожарот, тој се дава во бегство. Сепак, полицијата го уапси и веќе му е одреден притвор во траење од осум дена.

На 20.09.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г.(35) од с. Кондово, скопско, затоа што истиот ден околу 09:00 часот во Кондово, со употреба на бензин, го запалил патничкото возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Ѓ.(51) од с. Кондово. СВР Скопје против А.Г. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена, информираат од МВР.

Во тетовското село пак Чифлик, 70 годишен жител решил да ја чисти својата нива и ја запалил собраната сува трева. Пламнал пожар, по што веднаш бил изгаснат. Тој е приведен во полициска станица, а по документирање на случајот ќе добие и соодветна пијава.

Реклама

Не само во Западна Макеоднија, гореше и во стримичкото село Василево откако 42 годишен маж подметнал пожар на нива со сува вегетација. Од страна на противпожарната единица од Струмица пожарот бил изгаснат, а за среќа нема повредени. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Струмица и инспектор за пожари.

Пироманот е задржано во полициската станица Струмица и за настанот е повикан и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица. Откако ќе заврши уидот потпалувачот на пожарот ќе се соочи и со кривична одговорност.

Инаку, изминатата недела гореа депонии и отпади околу Скопје. Пожарите во Вардариште и Трубарево за еден ден беа ставени под контрола, а во Дрисла се потпалуваа пожари повеќе денови при што предизвикаа чад и ужасна миризба во Скопје. Власта се сомнева дека пожарите синхронизирано се потпалуваат за да предизвикаат хаос во предизборието на претстојните локални избори.

Сомнеж дека зад пожарите во депониите стои човечки фактор фрла и тоа што покрај Дрисла, Вардариште и Трубарево, кои гореа во речиси ист период, во текот на летото неколку пати гореше и депонијата на патот Визбегово- Шуто Оризари.

А минативе месеци сведоци бевме и на шумските пожари, каде што пронајдени беа гуми облеани со бензин, како и палети кои би предизвикале побрзо разгорување на огнената стихија.