Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Постигнат е договор за новата германска влада

Четириесет и пет дена по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четириесет и пет дена по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) постигнаа договор за формирање коалициска влада. Оваа среда во 15 часот, раководството на двете партии ќе одржи прес-конференција за да го презентира постигнатиот договор. Според германските медиуми, веќе е договорена поделбата на најважните министерства.

СПД ќе ги преземе Министерството за финансии, Министерството за одбрана и Министерството за правда. Според весникот „Билд“, Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи ќе останат под контрола на демохристијаните.

Претходните денови, најголемиот дел од преговорите се фокусирале на мигрантската политика, како и на даночните и пензиските прашања. Во текот на преговорите, дел од претставниците на ЦДУ го предупредија лидерот на партијата, Фридрих Мерц, да не прави премногу отстапки кон СПД, бидејќи тоа би можело да ја загрози „промената на политичкиот курс“ која беше најавена во кампањата.

Реклама

ЦДУ на изборите од 23 февруари освои 28,5% од гласовите, што ја направи најсилната политичка сила, но сепак мораше да најде коалициски партнер за да обезбеди мнозинство во Бундестагот, известуваат медиумите.