Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Поставувањето на обичен катетер на пациент ја „пукна тиквата“ помеѓу битолските и прилепските хирурзи ?! –

Дефинитивно, македонското здравство ни влегува во длабока кома, откако јавно почна да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести


Дефинитивно, македонското здравство ни влегува во длабока кома, откако јавно почна да „пука тиквата“ дури и помеѓу лекарскиот еснаф. Прилепските и битолските хирурзи се скараа околу поставувањето на обичен катетер на пациент од Битола, кој за рутинската интервенција бил препратен од битолската во прилепската Болница. Во специјалистичкиот извештај, прилепски доктор-хирург, кој е и поранешен директор на прилепската Болница, и’ се обраќа и на директорката на Клиничката болница „Битола“ и ѝ посочува дека крајно време е да преземе мерки.
„За срамота, при 10 хирурзи во Клиничката болница – Битола, се праќа пациент во Прилеп за поставување на катетер со ретенција. Крајно време е директорот да си преземе мерки и повеќе да не се случуваат вакви работи. Здравството во Битола, го допре дното“, – запишал во специјалистичкиот извештај прилепскиот специјалист.
Од Битолската болница пак, се правдаат. Велат, станувало забор за пациент кој имал специфична здравствена состојба и требало да биде прегледан и третиран од специјалист – уролог, со цел да не му се закомплицира, па дури и да му стане живото-загрозувачка неговата состојба.
Директорката на прилепската Болница пак, Кети Смилеска, не беше запозната со овој случај и ни најави повеќе информации откако ќе видела за што станува збор.
Меѓутоа, добро-упатени лица во состојбите во овие две болници, уверуваат дека поради хроничниот недостиг на лекари-специјалисти, размената на лекари од разни специјалности, и пациенти меѓу двете јавни здравствени установи со години не била ништо необично. „Во битолската болница, во моментов нема ниту еден уролог, а додека во прилепската ги има тројца. Некои од прилепските уролози до неодамна имаа и платени дежурства во битолската болница. Ова што сега се случува, можеби е последица на некои недоразбирања околу таквите интерни и дебело платени договори“, посочуваат наши извори од прилепската Болница.
Инаку во прилепската Болница со години работат и битолски лекари-гинеколози, а пациенти, на пример, од прилепското Одделние за уво, нос и грло, каде има само еден лекар специјалист, многу често се препраќаат во битолската болница, каде пак овие специјалисти ги има повеќе.
Каролина Дурло/ТВ АЛФА