Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Постапка против осомничени за организација на борби со кучиња во битолско

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело „Убивање и мачење животни“ од член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничените се 44-годишен посредник во организација на борби со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг каде се организирале борбите.

-Со постапката за истото кривично дело се опфатени и еден грчки и еден косовски државјанин кои во моментот се во бегство. Сите заедно, на 1 ноември во вечерните часови, заради користољубие, грубо злоупотребувале и изложиле на непотребни маки куче од расата „пит бул”, сопственост на осомничениот грчки државјанин, наведувајќи го да се бори со куче од расата „американски  стафорд“, сопственост на осомничениот косовски државјанин. Во борбата кучето од расата „пит бул” се здобило со повреди – угризи од другото животно. Борбата ја следеле други лица од Косово, Грција и од Македонија, кај кои полициските службеници пронашле парични средства во различни апоени на евра и денари, а двајцата сопственици на кучињата во рингот веднаш по пристигнувањето на полицијата избегале од местото на настанот. Тие се идентификувани и по нив се трага, се вели во соопштението од Обвинителство.

Реклама

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за македонските државјани инволвирани во организација на забранетите борби. Сепак, како што информираат од Обвинителството, Судот донел решение со кое им определи мерка куќен притвор. Битолското обвинителство, најави дека ќе вложи жалба на одлуката.