Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Посна трпеза – каде и да си, за Бадник дома да си

„Оче наш Кој си на Небесата, да се свети името Твое, да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Оче наш Кој си на Небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја…“ – молитва од Ленче Спиркоска.

Со децении наназад, уште од дете, прилпчанката Ленче Спиркоска, со оваа сесрдна молитва, секоја година си ја благословува богатата и исклучиво посна Бадникова трпеза. Во исчекување на најрадосната вест за Рождеството Христово, целото семејство е собрано околу празничната трпеза, оти Бадниковата вечер е вечер на семејно бдеење кога ниту доаѓаат гости, ниту пак се оди по гости, објаснува Ленче. Вели, на трпезата има се’, од гравче, посни сармички, кора со ориз, риба, тиква, до баклава и овошје, и секако задолжителните костени и ореви.

„Ние толчиме и лук навечер. Лукот се толчел и се срка оти лукот го сметале како еден најздрав зеленчук, антибиотик. И затоа, за да бидеме здрави цела година, толчиме лук. Лукoт се толчи убаво, со ореви, со масло и се прави како млеко“, – раскажува Ленче Спиркоска.  

Реклама

Пред да се вечера на Бадник, во домот на семејството Спиркоски, се практикува и еден друг интересен адет, за кој Ленче вели дека го наследила уште од баба си и мајка си.

„Како домаќинка, го земам лебот, или лепче месено, пресечено. Излегувам надвор, на терасата и го подигам лебот и се прекрстувам, и викам – „Господе, Боже, Исусе Христе, те покануваме да дојдеш на вечера, да ни бидеш гостин и да ни ја чуваш куќата и луѓето од лоши работи, да бидеме здрави, живи, весели. И си влегувам дома, го ставам лебот на маса и така почнуваме, се прекрстуваме, свеќата си гори, си ја кажауваме молитвата „Оче наш“ и почнуваме да вечераме. Од се’ по малку ќе си туриме“, – ни рече Ленче.

Иако сега времињата се сменети и условите се сосема поинакви, најмногу заради се’ помалубројноста на семејствата, оти децата или веќе си го фатиле својот пат, или пак се иселиле, Ленче смета дека традицијата сепак мора да се почитува во секој дом, во секое семејство, па макар тоа броело и само двајца членови.

„Сега остануваме двајцата, бидејќи нашите ќерки се мажени, двете. Имам јас две ќерки, едната е тука, ама си има семејство, си го прави дома Бадник, а другата ми е во Австралија, а денеска и’ е и роденден и сакам да и’ го честитам родениот ден и да ја поздравам многу…И таму спремаат, значи каква трпеза спремаат во Австралија, со се’, – посочува Спиркоска.

Бадниковата трпеза, според традицијата, останува поставена се’ до Божикното утро. И како добредојде за штотуку родениот Богомладенец, но и за бериќет во домот во престојната година. Што се однесува пак, до паричката на среќата, во прилепскиот крај, таа не се става за Бадник, туку се става за Василица, во Василичарскиот бурек.

Каролина Дурло