Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Последниот филм на Годар за затворање на 16. Филозофски филмски фестивал

Со прогласување на добитниците на наградите „Златен був“ за најдобар долгометражен и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со прогласување на добитниците на наградите „Златен був“ за најдобар долгометражен и краткометражен филм од жири и од публика, како и на специјалното признание „Стефан Сидовски-Сидо“, во МКЦ вечер ќе биде спуштена завесата на 16. издание на Филозофскиот филмски фестивал.

Годинешното жири го сочинуваа домашни и меѓународни познавачи на филмот и филозофијата: Габриеле Зиндлер (скрипт-експерт, Австрија), Адријано Ерколани (филозоф и новинар, Италија) и Катерина Колозова (филозофина).

За  затворањето е предвидена проекцијата на кинематографскиот тестамент на Жан-Лик Годар, односно краткиот филм „Сценарија“ и придружното „Експозе“. Првиот дел, „Сценарија“ (18 мин.), е самото дело и ги истражува битието и падот преку фрагментирани белешки, слики и звуци, кулминирајќи со автопортрет на самиот Годар, кој оголен на својот кревет препишува текст од Сартр. Вториот дел, „Експозе за филмот што го најавува филмот ’Сценарија‘“ (36 мин.) – и кој всушност хронолошки му претходи на „Сценарија“ – нè воведува директно во интимата на неговиот креативен процес, каде што Годар, размислувајќи „со своите раце“, смирено го елаборира својот визуелен ракопис.

Реклама

Сето ова ќе се заокружи со пригоден коктел и концерт на бендот „Кокиче“ во чиј состав се: Филип Методиев, Раде Биковски, Мартин Џорлев и Дарио Циевски.

Филозофскиот филмски фестивал годинава по јубилеен десети пат институционално е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.