Исклучително лошата патна инфраструкура и недоволната искористеност на двата македонски аеродроми,посебно на охридскиот,ова лето предизвика бројот на странски туристи кои ги имаше од целиот свет,се помалку да се задржуваат на ривиерата.Помалкубројни беа и нашите традиционални гости од опкружувањето,нивниот престој во нашата туристички мека се сведе на минимум. Тоа што не придававме доволно внимание на конкуренцијата,го искористи нашиот западен сосед-со ова се обистинија стравувањата на туризмолозите кои укажуваа дека тиранскиот аеродром ќе го превземе приматот во авиосообраќајот. Туристите кај нас се приморани со часови да патуваат со автобуси за да стигнат до дестинација.
“Албанија многу брзо граби напред во туризмот, аеродромот е среден, нон стоп ги прошируваат патиштата.Додека ние се занимаваме од козји пат да направиме кравји пат, тие во меѓувреме имаат направено чуда со инфраструктирата која што е основа за развој на туризам и нормално ако кај нив слетуваат туристите од 10 дена 9 ќе се кај нив, еден ќе дојдат да го видат Охрид”-вели Катерина Василеска –туристички водич
Како се смени структурата на гостите треба да кажат експертите по туризам, кои треба да седнат на една маса и дадат одговор на прашањето како од дестинација која што имаше голем подем,преминавме во викенд дестинација за туристите кои доѓаат преку Албанија,вели Василеска.

“Имено најголемиот број летови што се откажани не се откажани за да не доаѓаат на Балканот туристите, туку се пренасочени на аеродромот Тирана.Зошто тиранскиот аеродром е поевтин од охридскиот и од скопскиот и зошто се пренасочени сите тие летови, некој треба да одговори на тоа прашање.Ако од 12 линии се сведете на само 2 неделно, тогаш тоа ви е сериозен проблем”-вели Зоран Тунтев,универзитетски професор.
Ако пред пандемијата како туристички водичи имавме тури кои траеја од 5 до 10 дена и тоа само во Македонија,сега забележуваме дека странците доаѓаат преку албански туристички агенции и ја преминуваат македонската граница само за еднодневни или дводневни посети,што никако не е добро за хотелско-угостителските објекти,велат нашите соговорници.
– Охрид памети и поубави сезони од оваа,ги нема гостите од Балканот, кои навистина беа добри потрошувачи,велат угостителите. Причина за ваквата слика според нив не се цените.
“Не можам да се сложам со тоа дека е скапо во Охрид, вие доаѓате во туристичко место, ајде едно прашање до тие што им е скапо во Охрид.Одат во Грција одат во Турција како таму не им е скапо? Вие сакате да уживате во ресторан и пиете кафе на вода и ви е скапо кафето од 150 денари, а во било кој друг град, еве во метрополата на кеј не ви скапо да пиете кафе за иста цена.Втора работа стандардот е таков каков што е”-вели Антоанета Трајковска-туристички работник
На Охрид му требаат туристи, а не гости-посетеноста на дестинацијата не се одредува според бројот на оние кои престојувале на ривиерата, туку според бројот на остварени ноќевања.Кога станува збор за македонскиот бисер,клучно е прашањето, дали ние го земаме здраво за готово тоа што го имаме,или постои сеопфатен план врз основа на кој Охрид како дестинација се пласира и на домашната и на меѓународна јавност-велат нашите соговорници.Тиеод новата влада очекуваат конечно да се донесе нова стратегија за развој на туризмот оти постојната датира од 2016-та.
Росица Голабоска
