Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Портпаролката на грчко МНР: Иницијативи на Грција за зајакнување на европската перспектива на регионот

Посети на министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис на земјите од Западен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посети на министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис на земјите од Западен Балкан во следниот период, како и министерска средба во Атина до крајот на годината, според портпаролката на грчкото МНР, Лана Зохиу, се планираните активности на Грција за зајакнување на европската перспектива на регионот.

На брифингот со новинарите во Министерството за надворешни работи на Грција портпаролката се осврна на усвојувањето на Делфи-декларацијата од страна на Грција и партнерите од Западен Балкан за нивното пристапување во Европска Унија за која рече дека е од историско значење.

– Ако би дале наслов, би бил: „Европската перспектива на Западен Балкан, од солунската агенда 2003 до декларацијата од Делфи 2026“. Дваесет и три години по солунската агенда, се обновува посветеноста на Грција и партнерите од Западен Балкан за нивната интеграција во Европската Унија како неповратен процес, како геополитичка инвестиција во мирот и стабилноста. Делфи-декларацијата е почетна точка на грчката иницијатива за Западен Балкан, која ја презеде министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис, а вчерашниот успех, нејзиното усвојување, е резултат на долготрајни и интензивни напори во оваа насока – посочи Зохиу.

Реклама

Потсети дека Грција, во пресрет на преземањето на претседателството со Советот на Европската Унија во втората половина на 2027 година, „останува силен поддржувач и двигател на интеграцијата на сите партнери од Западен Балкан во Европската Унија“.

– Активностите на Грција се насочени кон усвојување на европското законодавство од Западен Балкан, како и кон поттикнување на економската конвергенција и регионалната стабилност во области како што се енергетиката, поврзаноста, миграцијата и безбедноста. Планираните активности од грчка страна за зајакнување на европската перспектива на Западен Балкан вклучуваат: усвојување на декларацијата од Делфи како продолжение на агендата од Солун и прв чекор во грчката иницијатива за регионот; посети на министерот за надворешни работи на земјите од Западен Балкан во следниот период, како и планирана министерска средба во Атина до крајот на годината – нагласи портпаролката на грчкото МНР. 

Додаде дека Грција е подготвена да обезбеди експертиза во клучни области, како што се владеењето на правото, јавната администрација, дигиталното управување, транспортната и енергетската инфраструктура и во пракса да ги поддржи реформските напори на своите партнери во регионот.

На маргините на Делфи-економскиот форум, што од средата до утре се одржува во Грција, шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис и претставниците на шесте земи од регионот, односно заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа, првиот вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора на Косово, Глаук Коњуфца, министерот за европска интеграција на Србија, Немања Старовиќ, заменик-министерот за ЕУ на Црна Гора, Иван Иванишевиќ, и амбасадорот на Босна и Херцеговина во Грција, Драган Вуковиќ, на првиот ден од конференцијата ја усвоија Делфи-декларацијата за европската интеграција на Западен Балкан.