Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Поранешни функционери на СДСМ алармираат за катастрофалните политики на Филипче и бараат одговорност

Филипче турка со главата во ѕид – рејтингот на СДСМ е катастрофален,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче турка со главата во ѕид – рејтингот на СДСМ е катастрофален, а одговорност за тоа нема, алармираат поранешни истакнати партиски функционери. Според нив партијата наместо да се обединува, се затвора во себе, ги оттурнува искусните кадри и сè подлабоко тоне во внатрешни поделби.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов,продолжува јавно да  критикува и тврди дека и други социјал-демократи биле сериозно загрижени за состојбите и несоодветно водење на СДСМ. Тој во интервју за неделникот „Фокус“, вели дека од обичното членство до актуелни претседатели на општински организации поставени токму од ова партиско раководство, оценувале дека „работата не ја бива“.

  • „Не можеме ние претседателот Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате последните анкети, ако го имате рејтингот на претседателот на партијата, кој е катастрофален, но упорно да тврдиш дека ти си вистинското решение, а никој друг не чини, знаете на човек со сила му се зема, ама не му се дава, вклучително и памет,“  рече Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“.

Остра реакција дојде и од Софија Куновска, поранешна пратеничка и претседателка на Градската организација на СДСМ за Скопје. И таа критички ја оцени работата на актуелното раководство на опозициската партија, конкретно осврнувајќи се на последната собраниска седница за пратенички прашања.

Реклама
  • „Секојдневно се прашувам, можно ли е ова раководство уште подолу и подолу да го тоне Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За жал уште и уште имало…“, напиша Куновска на својот профил на Фејсбук.

Во претходниот период, раководството на Бихаќка влезе во отворена војна со повеќемина свои поранешни членови. Последно кавга имаше со актуелниот градоначалник на Крива Паланка од своите редови, Сашко Митовски кој даде поддршка за рудникот за антимон Крстов дол. Исклучени беа и повеќе членови како Шилегов, Јован Деспотовски и Родослав Трошановски – советникот од Општина Карпош, кои јавно критикува, а Филипче ги исклучи со обвинување за соработка со ВМРО-ДПМНЕ.