Реклама

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Прилози

Пораки за поздрав, но и дилеми – анализа по посленото обраќање на Кошта

Блокадите кои не се поврзани со критериумите од Копенхаген да престанат, Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Блокадите кои не се поврзани со критериумите од Копенхаген да престанат, Европската Униија да се подготви за прифаќање нови членки, бидејќи со земјите од Западен Балкан ќе биде целосна.

Според претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, проширувањето мора да се одвива врз основа на јасно утврдени правила, билатералните и историски прашања еднаш засекогаш да се надминат.

И ова не е прва порака за крај на „статус кво“ – многу европски челници индиректно испраќаат пораки дека одредени земји го злоупотребуваат правото на вето, најмногу за билатерални прашања. Најочигледен пример за тоа се блокадите на нашиот пат од страна на соседна Бугарија – која ги негира македонскиот идентитет, култура и јазик.

Реклама

Експертите ја поздравуваат оваа реторика – процесот треба да биде базиран на заслуги и реформи, демократија, владеење на правото.

„Овој став не треба да ја гледаме само низ наша призма, туку се и другите земји од источниот дел, Украина, Молдавија. Она што е интерес, секако и Западен Балкан. Блокадите од билатерална природа се закана за двата региона. Не е само Бугарија таа што блокира, туку има и дел од останатите земји членки кои ги користат за да изнудат свои интереси. Европскиот Совет е тело што во крајна линија ги носи одлуките, и добро е што вакви пораки доаѓаат од неговиот челник.“ – изјави Марко Трошановски

Дека во Европската Унија се размислува за реформи кои би го олесниле начинот на пристапување, покажува и повторното отворање на темата за квалификувано мнозинство – предлог кој стигна токму од Кошта. Но прашањето е дали има реални позиции кои би ни го гарантирале патот врз основа на Копенхашки критериуми, а не на историски и идентитетски прашања.

„Но би рекол дека консензус до сега нема за квалификувано мнозинство и олеснување на препреките. Добро е што се зборува и има политички пораки, но далеку сме од било какви реални позиции кои би ни го гарантирале патот кој ќе се основа на Копенхашки критериуми, а не историски и идентитетски прашања. Не е нова оваа дебата, познато е кај експертската јавност, онаа група на француски и германски експерти кои требаше да предложат реформи. Предложено беше квалификувано мнозинство, но оваа иницијатива не наиде на поддршка од сите. Моментално околу 18 земји стојат зад оваа иницијатива, но одредени земји се скептични: Бугарија, Грција, Хрватска, Унгарија…“ – изјави Марко Трошановски

Постојните правила бараат сите 27 земји-членки на ЕУ да дадат зелено светло за секоја фаза од процесот на пристапување. Можноста за овластување на Советот да одлучува со квалификувано мнозинство би можела да се истражи за одредени привремени чекори во процесот на проширување. Во македонскиот случај, тоа би значело олеснување, особено поради блокадите од Бугарија.