Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Попов: Владата исполнува – Поддршка до 30 илјади евра за младите да отворат свој бизнис и 250 евра ваучер за студентите

Поминаа 100 дена од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Период доволен за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поминаа 100 дена од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Период доволен за една внатрешна ретроспектива и ревизија на расипничкото работење во изминатите 7 години, но и пресвртен момент во кој правиме значаен чекор кон испорачување на светла иднина за сите, вели Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Младите луѓе во првите 100 дена увидоа дека во Владата, Собранието и институциите можат да имаат конструктивен партнер со кого преку дијалог и работа ќе ги решаваат сите предизвици. По успешната интервенција и обезбедување на пари од буџетот за студентите, лекарите, студентските домови и инфраструктурни проекти, продолжуваме со новитети во креирањето на младинските политики.

Македонската влада, обезбедува фонд во вредност од 10 милиони евра за развој на бизниси за млади лица од 18 до 29 години, кои со својата креативност, визија и идеја, добиваат можност за добивање грант за поддршка во износ и до 30 илјади евра. На овој начин, ја стимулираме домашната економија, поттикнуваме економска активност и најважно од се, создаваме финансиски независни и успешни индивидуи.

Реклама

Со новиот буџет кој е во изработка Владата преку јасни критериуми и воспоставен јасен систем, ќе подржува ваучери во вредност до 250 евра за купување на електронски уреди за сите студенти во Македонија. Сакаме да создадеме младина која е едуцирана, која континуирано учи и твори во Македонија, а истовремено развива и извезува идеи и вештини пред целиот свет. Со овој проект ја приближуваме технологијата до секој еден студент и го олеснуваме пристапот кон глобалните и светските текови.

Младите застанаа зад ВМРО-ДПМНЕ кога беше најпотребно, сега е ред на нас да испорачаме иднина за сите“, вели Попов.