Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

Попов: Јавните повици за младите сега се достапни за сите, нема веќе ,,прв дојден прв услужен“

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше дел од денешната трибина ,,Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ ја подобрија положбата на младите во Македонија во првата година од владеење?“. Попов се осврна на Оперативниот план на Владата и истакна дека довербата на младите да имаат интеракција е зголемена, за разлика од претходната власт кога имаше принцип на ‘Прв дојден, прв услужен’.

– Оперативниот план би го гледал низ две призми. Едната е онаа на Владата, а тоа е дека гледаме Владата е посветена и Оперативниот план го наменила за младите луѓе во Република Македонија. Вториот момент е заинтересираноста на младите да аплицираат и да го користат тој Оперативен план и мерките кои доаѓаат од тој Оперативен план. Ја гледам довербата кај младите луѓе што ја имаат кон државата, односно довербата на секој млад човек да се впушти во една таква интеракција со државата, вели Попов.

Тој истакна дека за време на претходната власт во земјава, постоеле тие мерки за самовработување, но разликата од оваа Влада и претходната е тоа што повиците не биле достапни до сите навреме, и според него, тоа е она што ја создало недовербата кај младите.

Реклама

– Нема веќе прв дојден прв услужен, па да си јават тие на своите партиски другари дека утре сабајле во 8 почнува пријавувањето, па да се нацртаат сите спремни со документите, а останатите коишто едноставно не можеле да знаат дека тој ден ќе има јавен повик, да немаат време да ги спремат документите, и врз основа на она прв дојден прв услужен па сите да знаеме кај кого ќе завршат сите средства, кажа Попов.