Дел од охридските хотелиери се солидаризираат со погодените од полавите, широкоградо,беспатно ги отспаруваат сместувачките капацитети за сите семејства на кои им е потребно безбедно место за престој.Состојбата сеуште е критична во Кичево.Таму бројот на евакуираните од населбата “Прилепска” расте, и до сега околу 120 жители кои немаат каде да одат, се сместени во спортската сала „Христо Узунов.“
Кога водата ќе однесе се’ , останува само мајчинскиот крик,со двегодишното дете во прегратки оваа очајна мајка бара помош откако поплавите им го одзедоа трошниот дом,сигурноста и последната надеж.
“Цела вечер сме вака.Во болница бев, инекции прима терапија.Денеска пак во 15 ч треба да го носам и другото болно е.Нема кондури детето?Нема, ништо нема”-вели мајката

Но таму каде се е изгубено,тивко одекна човечноста. Босите премрзнати детски нозе ги стопли кичевчанката Салие Садику со својата облека.
“Малото дете цело време викаше мамо ладно ми е.Се свртив и ја прашав госпоѓата дали има нешто да го облече малиот, бидејќи навистина е многу ладно надвор и дуваше ветар.Таа рече дека нема ништо бидејќи се е под вода.Во тој момент ми се чинеше дека го слушам гласот на мојот син како вели,мајко ладно ми е.Се почувствував како да сум на нивно место, веднаш го извадив капутот да го покрие детето.Ги извадив чизмите,ги извадив моите чорапи и му ги облеков на малиот “– вели Салие Садику
Тоа е мајчински инстинкт без оглед кои сме,треба да бидеме луѓе.Денес им се случи ним,утре може нам,секој може да се најде во таква состојба.Токму поради ова и градоначалникот на Кичево од петни жили бара начин да им помогне на поплавените.
“Во минатото се изградени околу 30-тина станови тука во близина, меѓутоа за жал никој не превзел мерки таму да се обезбеди струја и вода.Првото што го направив кога станав градоначалник,се интересирав како да се реши случајот со овие луѓе таму бидејќи ова не е прв пат да се поплавуваат.Ова беше да не речам очекувано,меѓутоа се слулува на секои две-три години.Така да ние мораме системски да го решиме тој проблем со нивното останување, не само да ги вратиме онаму од каде што дошле”- вели Александар Јовановски,градоначалник на Кичево
Во текот на утрешниот ден ќе се изврши увид на оштетените објекти,истакна градоначаникот Јовановски.
