Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Свет

Полска ќе им понуди на НАТО и САД проширување на „противракетниот штит“

Полска ќе преговара со САД и НАТО за проширување на областа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полска ќе преговара со САД и НАТО за проширување на областа на примена на „противракетниот штит“ на Северноатлантскиот сојуз, изјави вицепремиерот и министер за национална одбрана, Владислав Косињак-Камиш.

– Според мене, треба да го прошириме опсегот на противракетниот штит и за тоа секако ќе разговараме со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и со нашите партнери од САД, нагласи Косињак-Камиш во врска со плановите за отворање на американска база за противракетна одбрана на 13 ноември во Реџиково во северниот дел на Полска, јави ТВН24.

Тој нагласи дека Полската народна партија (ПСЛ) мора да одигра важна улога во овие разговори поради нејзините добри контакти и со демократите и со републиканците.

Реклама

– Подготвени сме за ова, додаде полскиот министер.

Според него, полско-американската алијанса е многу силна, а доказ за тоа е отворањето на американската база за противракетна одбрана во Реџиково следната среда.

Тој додаде дека ова не е само американска инвестиција, туку активност на НАТО во целина.

Шефот на Бирото за национална безбедност на Полска, Јацек Сивира, на денешниот ден кога Полска го слави Денот на независноста, изјави дека е „добар момент“ да се разговара за датумот на отворање на противракетниот штит во Реџиково.

– Денот на независноста изгледа како добар момент да се зборува за тоа. Претседателот Анджеј Дуда денеска од државната прослава оди директно во Азербејџан, но на враќање ќе слета во Гдањск, од каде ќе оди на официјалното отворање на Противракетната база Егис во Реџиково в среда, соопшти Сивира.

Во заклучоците од јулскиот самит на НАТО во Вашингтон беше истакната оперативната подготвеност на противракетната база во Реџиково.

– Тоа е елемент на европскиот фазен адаптивен пристап (EPAA), кој го претставува придонесот на САД во интегрираниот систем за воздушна и ракетна одбрана на Европа и на целата област на НАТО, се вели во соопштението на НАТО.

За време на самитот во Вашингтон, тогашниот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека базата Реџиково е подготвена да ја почне својата мисија.