Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Политиката контра науката: Филипче срамежливо даде амин за избори, за епидемиолозите услови нема

Дали Венко Филипче даде амин за брзи корона избори во јуни? Министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали Венко Филипче даде амин за брзи корона избори во јуни? Министерот за здравство не одговори директно на прашањето, дали ќе има услови за одржување на избори во текот на наредниот месец. Сепак, промената на неговата реторика, дава сигнали дека власта е решена да организира избори во средината на јуни, како што е желбата на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-Еве како што кажав да не повторувам, ги кажав аргументите зошто сметаме дека периодот пред нас ќе биде мирен, ќе биде период во кој епидемијата е апсолутно под контрола, изјави Филипче.

Доколку се организираат избори во јуни речиси сигурно е дека тие ќе бидат во период на епидемија. Според епидемиолошките критериуми за да се прогласи крај на епидемија треба да нема ниту еден нов заразен 28 дена, вели за Алфа епидемиологот Драган Даниловски. Тој ги повикува политичките лидери, да не избрзуваат со одлуката за организирање избори.

Реклама

-Стручниот критериум епидемиолошки за да се одјави состојба на епидемија е да нема ниту еден регистриран случај во тек на период на две максимални инкубации за конкретната болест, тоа 14 дена за Ковид 19, практично месец дена. Мислам дека би било паметно да донесат одлука, да се договорат да се почека некој ден, да се види како ќе се одвива ситуацијата и дури потоа да се донесе одлука, вели Даниловски за Алфа.

Контра Филипче и неговиот заменик Арменд Арслани. Тој запрашан дали има услови да се зборува за датум за избори, вели бројот на заразени во однос на тестирани, треба да е под пет проценти 14 дена, што е далеку од 14,5 отсто кои беа во текот на вчерашниот ден.

-Ако имаме дневни информации во текот на наредните две недели, и врз основа на тие статистики и тие истражувања кога би покажале дека овој бројот на новозаразени во овие 14 дена е под пет отсто, дури тогаш би имале простор да се разговара за оваа тема, изјави Арслани.

Иако поранешниот премиер сака брзи избори во јуни, кои може да бидат опасни по здравјето на граѓаните, претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, посочува дека откако ќе биде определен новиот датум, изборните рокови треба да почнат од почеток. На ДИК ќе им потребни 50 до 60 дена за спроведување на изборите.

Матеја Петровски