Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Македонија

Политичко решение за наметнат историски проблем?

Како и дали ќе се реши проблемот со барањата на Бугарија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како и дали ќе се реши проблемот со барањата на Бугарија за Гоце Делчев, македонската историја и јазик пред крајот на годинава? Решение ќе бараат историчарите или политичарите?

Османи вели комисијата е таа што мора да пресече, а не политиката. Посочи и дека работи на случајот во мешовитата комисија да има и член Албанец.

-Теоретски може политичарите да најдат решение, меѓутоа колку се тие одржливи. Затоа што секогаш ќе се гледаат од политички контекст, дека биле политички решенија , а не биле на научни согледувања и решенија и утре кој било може да ги спори тие решенија. И затоа сметам дека е најодржливо, најцврсти решенија ќе бидат тие што историчарите без влијание на политичарите ќе ги донесат како заклучоци. Јас би сакал овие прашања веќе да се завршат, да се тргнат од агенда за да можеме да продолжиме со преговорите. Би сакал овие прашања да не бидат дел од нашиот политички дискурс, вели Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Реклама

Заев пак со поразичен став од Османи, вели дека освен преку работата на комисијата, проблемот можел да се реши и на друг начин.

-Постојат соодветни алатки и начини на решавање на ова прашање со јавна изјава, со писмена изјава, со декларација, со договор, анекс на договор и слично, а да не биде договор на договор. Ние имаме одличен договор кој беше основата за да се постигне и Преспанскиот договор. Во самиот договор има храбри исчекори од двете страни, зборувања за двата народи, за нашиот македонски народ, потпишани на нашиот македонски јазик, а секако зборуваме и за заедничката историја, рече Заев.

Решението интензивно ќе се бара во наредниот период односно пред крајот на годинава, оти доколку Скопје и Софија не се договорат се поизвесно е ветото кое Бугарија ќе го стави на Македонија. Источниот сосед  упати дузина барања со цел да не стави кочница на Македонија меѓу кое е да се признае дека македонскиот народ и нација не постоеле до 1944 година.

Мери Ѓорѓиевска