Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Политички пораки за 11ти Октомври – надеж за иднината

Да ги надминеме разликите и меѓусебните делби, да се обединиме во заедничката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да ги надминеме разликите и меѓусебните делби, да се обединиме во заедничката борба за европска држава, порача шефицата на државата, Гордана Сиљановска Давкова по повод празникот 11 Октомври, Денот на Народното востание.

„Благодарни на хероите за нивната натчовечка жртва, имаме одговорност кон нив, но и кон нашите деца и внуци да продолжиме да ја градиме македонската држава согласно идеалите што ни ги оставија во аманет, оти чувањето на татковината е важно колку и чинот на нејзиното ослободување. Секоја генерација се соочува со нови предизвици. Изминативе 33 години ние се боревме за признавање на независноста и добивање заслужено место во европското семејство и во меѓународните организации, за зачувување на мирот и градење демократија“ вели Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата

Ако нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, нашата цел е економски да ја развиеме, посочи премиерот, Христијан Мицкоски во честитката по повод празникот.

Реклама

„Иако се соочуваме со предизвици, ние зачекоривме во ера на економска трансформација и назад од тоа нема. Цврсто се обврзавме пред граѓаните дека посветено, чесно, одговорно ќе работиме за повторно да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и работиме на тоа преку конкретни реформи, проекти и промени кои се клучни за рестарт на институциите и на системот“ вели Христијан Мицкоски, премиер

Благодарение на мудроста на партизаните, македонската држава стана реалност, со овие зборови лидерот на опозициската партија, СДСМ, Венко Филипче го честиташе празникот.

„Пред 83 години, група млади херои ги нападнаа окупаторските сили во Прилеп и Куманово, започнувајќи ја партизанската борба која ќе прерасне во општонародно движење и создавање на современата македонска држава. Благодарение на мудроста на партизаните, Македонија засекогаш се вброи меѓу победничките народи, а нашата држава стана реалност на политичката мапа на Европа и светот“ вели Венко Филипче, лидер на СДСМ

Централните свечености по повод празникот 11ти Октомври, Денот на Народното востание, се одржуваат во Скопје, Прилеп и Куманово, каде владини делегации положуваат свежо цвеќе пред спомен-обележјата на ослободителите.

Давид Крстевски