Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Политички напади наспроти реални проекти – во фокус на кампањата на СДСМ е оцрнување на политичкиот противник

Нови избори, стара школа. Ковачевски продолжува по стапките на неговиот претходник Заев.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови избори, стара школа. Ковачевски продолжува по стапките на неговиот претходник Заев. Црна кампања и оцрнување на политичкиот противник.

Според дел од познавачите, ваквата состојба е резултат на безидејноста на социјал-демократите кои во изминатите години власт ги разочараа мнозинтсвото од граѓаните со своите политики, па сега во  обид за глас плус, не нудат остварливи проекти туку се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ и како да им одземат гласови.

Новинарот Дарко Јаневски вели дека во ситуација каде во Македонија народот живее во беда и мизерија, политичките партии треба да се заминаваат со подобрување на животниот стандард, а не со ветар и магла. Според него, во кампањата на СДСМ може да очекуваме уште повеќе нападни и лажни вести и неостварливи верувања.

Реклама

Кога таква е ситуацијата надвор, на СДСМ не му останува ништо друго, освен на една страна да ветува морков, со тие свои ветувања за зголемување на платата која што не значи ништо бидејќи не може да го стигне поскапувањето на животот. А од друга страна да се занимава преку своите скапо платени новинари со црна кампања и оцрнување на противникот и тоа да го прави преку порталите и преку социјалните мрежи, преку нивнтие ботови, вели Дарко Јаневски – новинар.

Јаневски вели дека СДСМ ја промашиле кампањата, и што и да направат веќе е доцна бидејќи се соочуваат со веројатно најголемиот пораз во нивната историја. А анкетите тоа јасно го покажуваат.

Во услови кога 650 000 луѓе живеат со 150 денари на ден, а останатите со 170 оние кои земаат околу минималната плата, тоа треба да биде клучниот момент кој ќе се истакува во кампањата, луѓето тоа и го очкеуваат, вели Дарко Јаневски – новинар.

Според Јаневски  клучната разлика во кампањите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, е што едните тераат црна кампања, а другите се концентирираат на промовирање на програма.

А дека тешко се живее во Македонија и дека тоа ќе и се удри од глава на партијата која 7 години беше на власт заедно со ДУИ, говорат и последните податоци дека како последица на лошата живеачка  е намален животниот век, кој во 2018 година бил 75 години, а сега е 72,3 години. Според Јаневски ова практично значи дека лошите политки дирекно се отсликуваат врз животот на граѓаните.