Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Полициска акција за ставање крај на шумската мафија и пироманите: Повеќемина во притвор

Не само за пожарите околу Скопје што го загадија воздухот со отровни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не само за пожарите околу Скопје што го загадија воздухот со отровни метали и загрозија здравјето на граѓаните, МВР расчистува и со елиминирањето на шумската мафија. За труењето на граѓаните и пожарот во Трубарево, веќе еден е зад решетки, а тројца се во куќен притвор.

Покрај истрагите на полицијата за ужасните пожари околу скопско со кои полицијата успешно се справи и приведе осомничени, МВР се бори и со шумската мафија и оштетувањето на 6 илјади хектари квалитетна шума.

Полицијата уапси 15-мина осомничени и веќе 13 од нив се во притвор, а останатите во куќен. Меѓу нив и директор на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и началник во полицијата како и повеќе полициски службени лица, шумски полицајци, вработен во подрачната единица на Министерство за земјоделие како и сопственици на правни субјекти.

Реклама

Со пари под рака, организирано нелегално сечеле шуми и краделе дрва во источна Македонија. Организираната криминална група со години ја уништувала животната средина со сеча на квалитетна шума во подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, соопшти Обвинителството за организиран криминал.

Како резултат на нивните дејствија, била исечена дрвна маса во количина од 1.500.000 метри кубни, со вредност од 6.405.000.000 денари. Организаторите на групата извршиле нелегална сеча на дрвна маса, која потоа била транспортирана и продавана како легално исечена, со цел да се оствари противправна имотна корист, информира Обвинителство за гонење на организиран криминал.

Во меѓувреме полицијата активно трага и по откривање на идентитетот на пироман кој пред неколку дена запали сервис за возила во Пинтија. Засега МВР се уште нема осомничен. Откако во јавноста исплива видео на кое јасно се гледа како засега непознато лице посипува бензин врз возила на плац во Пинтија, за пожарите околу скопско се отвори дилема во јавноста дали некој намерно ги подметнува. Со оглед на тоа што сме во предизборието на претстојните локални избори.

Полицијата има веќе 20 осомничени за кои се бараат докази дали тие се пироманите кои сакаат да направат хаос во државата со оглед на тоа што не чека кампања за локални избори.