Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Полицијата притвори велешанец со двојно државјансто кој имал забрана за излез од државата

Полициски службеници, пред два дена на граничен премин Табановце, го лишиле од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници, пред два дена на граничен премин Табановце, го лишиле од слобода 40 годишниот А.П.  од Велес при обид да излезе од Македонија поради не почитување на претходно изреченото судско решение – мерка на претпазливост „забрана за излез“. Тој имал двојно државјанство македонско и српско.

Како што информира попладнево од СВР Велес портпаролот Биљана Ѓаковска, тој бил  спроведен и задржан во Полициска станица Велес, а за настанот бил известен јавен обвинител. Вчера  А.П. бил спроведен во Основен суд Велес, каде од надлежен судија му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено поправна установа – Затвор Скопје.

Според Основно јавно обвинителство Велес, против А.П. во велешки Основен суд се води судска постапка по поднесен  обвинителен предлог за две кривични дела „загрозување на сигурноста“ на сопруга и дете од претходен брак, како и за „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедност“ што се случиле на 21 август годинава во велешко село.