Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Полицијата експресно го приведе насилникот кој тепаше бремена жена на „Тикток“

Насилникот од Радовиш кој брутално ја тепа и пцуе партнерка на Тик…

Сподели:

Насилникот од Радовиш кој брутално ја тепа и пцуе партнерка на Тик Ток ќе се соочи со затворска казна од 6 месеци до 3 години поради сомнение за сторена телесна повреда. Засега, 35 годишникот не е во притвор и Обвинителството испитува дали има основ за негово задржување зад решетки.

Постапката за лицето е во тек врз основа на поднесената кривична пријава. Меѓу другото, ќе се испита дали во конкретниот случај постои основ за негово задржување. Јавното обвинителство и истражните органи имаат обврска да постапуваат единствено врз основа на доказите во предметите, инфомира Обвинителството.

Откако во саботата во живо на ТИК ТОК емитуваше како и удира шамари и тупаници на партнерката, мајката на тепаната жртва пријавила во полиција.

Реклама

По неколку дена од настанот, видеото стана вирално и јавноста бурно реагираше со апели до истражните органи веднаш да преземат мерки за да спречи евентуално убиство. Се споделуваат и други видеа од насилникот. Како што се пишува на социјалните мрежи, тој преку својот Фејсбук профил се вклучил во живо и се заканувал на мајката на жртвата дека ќе и дојде на работа и ќе ја убие.

Според сведочења објавени на социјалните медиуми, тој бил насилен и со други девојки. Имено, преку Фејсбук друга поранешна партнерка сведочи дека била претепана и горена со цигари и за тоа постоела активна судска постапка.

Инаку тој досега е осудуван за телесна повреда, нарушување на неповредливоста на домот и за навреда. Според пресудата од судот во Радовиш тој заедно со уште едно лице за овие дела се условно осудени со парични казни.